ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Надзорниот одбор со апел до членките за редовно и целосно плаќање на членарината кон ЗЕЛС
26 декември 2016

Надзорниот одбор на ЗЕЛС на 23 декември,2016 година ја одржа осмата седница на која ги разгледуваше и ги усвои: Акциониот план и Финансискиот план на ЗЕЛС за 2017 година. Беше посочено дека сите активности се во согласност со Стратегискиот план на ЗЕЛС 2016-2020 година и дека сооглед на спроведувањето на редовните локални избори во 2017 година, бројот на активностите е релативно намален од вообичаените планирања. Во фокусот и следната година е основната активност за ЗЕЛС за лобирање и застапување на своите членки пред централната власт. Новина претставува изработката на прирачник за новоизбрани претставници на локалните власти. Од областа на електронските решенија на ЗЕЛС поголемо внимание ќе биде посветено на споделувањето на искуството од електронското издавање на одобренијата за градење со Јужна Африка а интерес пројавија и од АбуДаби, како и од Словенија и од Украина.

Планираниот буџет за 2017 година е димензиониран на 24.150.000,00 денари. Поголемиот процент на приходите се очекува од членарината од членките на ЗЕЛС- општините. Во однос на расходите, поголем процент од средствата се наменети за трошоци за одржување на системите на е-услуги, систем за опоравување на е-системот и услуги за сервис и поправки и се разбира за спроведување на обуки и другите активности предвидени со Акциониот план за 2017 година. На состанокот членовите на Надзорниот одбор пројавија интерес да бидат информирани за напредокот и предизвиците со наплатата на членарината кон ЗЕЛС. Беше посочено да се разговара со општините кои нередовно или нецелосно ја исплаќаат членарината, да се видат предизвиците со кои тие се соочуваат и да се изнајдат взаемни решенија за нивно дефинитивно надоместување на оваа обврска кон ЗЕЛС. Особено да се разговара со општините кои добиваат солидни средства од разни извори, меѓу кои од концесиите и други сопствени приходи . Да се апелира дека доколку би ја немале поддршката од ЗЕЛС за спроведувањето на електронските услуги, јакнење на капацитетите, информирањето, секојдневна правна и техничка поддршка како и низа други услуги и самостојно би требало истите да ги реализираат би им биле потребни многукратно повеќе средства отколку што изнесува висината на членарината.



назад


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE


Гласило

Стратешки план 2011 - 2015


Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.