Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Изнесени бројни предизвици на општините со седиште во село
28 март 2019
 

 

Благој Илиев, Градоначалник на Општина Конче беше избран за претседател на Комисијата за рурален развој, на конститутивната седница што се одржа на 25 март, 2019 година. Беше посочено дека освен утврдените членови, во работењето на ова тело ќе може да се приклучуваат и други градоначалници чии општини се со седиште во село кога за тоа ќе утврди Комисијата, а со цел сеопфатно разгледување на проблемите и донесување на заеднички решенија.

Присутните ги разгледаа актуелните состојби во оваа област, при што како посебна точка беа посочени предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа при реализација на програмите за рурален развој. Присутните беа информирани дека до архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, досега мал број на општини доставиле писмени допис за своите согледувања за причините за запирање и незавршување на проекти кои треба да се финансираат од Националната програма за рурален развој, иако тоа беше побарано од Министерството, на состанокот одржан уште во месец јануари, 2019 година. Исто така беше посочено дека не се реализирани ниту барањата на општините, изнесени на овој состанок, меѓу кои барањето за подобрување или за забрзување на активностите за да се одблокираат запрени постапки за донесување на урбанистички планови. Напротив, присутните потврдија низа случаи на застој на постапките, а една од најчестите причина за тоа беше наведена нефункционалноста на системот е-урбанизам, што е во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Потоа беше посочено дека има случаи кога вработени од надлежните институција не излегуваат на терен за да дадат мислење, а и законски утврдената процедура за донесување на урбанистички план за село, урбанистички план за вон населено место, како и за пренамена на земјоделско во градежно земјиште е многу долга. Беше предложено да се формира работна група или да се организираат директни состаноци со претставници од овие институции, со цел што поскоро надминување на воочените пречки при донесувањето на плановите.

Членовите на Комисијата, на овој состанок изнесоа одредени размислувања за зголемување на надлежностите на локалната самоуправа, при што посочија низа примери од соседните земји каде управувањето со земјишната политика, шумите и пасиштата е во надлежност на локалната самоуправа. Присутните ја предложија и можноста на годишно ниво да се обезбеди дополнителна финансиска помош за општините кои понекогаш поради своите ниски буџети се доведени во ситуација да не можат да ги остваруваат ни своите основни надлежности. Беше нагласено дека општините со седиште во село се соочуваат и со ограничени човечки ресурси со оглед на се позачестениот бран на иселување односно напуштање на овие средини, особено од работоспособен кадар.

Членовите на Комисијата за рурален развој дискутираа и за приходите од издавањето на државното земјоделско земјиште, што се делат помеѓу централната и локалната власт, односно на општината на чија територија се наоѓа земјиштето кое се издава под закуп. Бидејќи во комисиите за давање на земјиште под закуп има по еден член од локалната власт, а многу често МЗШВ, тоа лице го назначува од општините во кои се поставени подрачните единици на МЗШВ, поради групирањето на парцелите кои се издаваат под закуп, за различни подрачја, останатите општини немаат увид во целокупните средства кои се добиени по овој основ, како и увид во средствата кои е потребно општината да ги добие врз основа на направена поделба.

По овие дискусии Комисијата за рурален развој ги донесе следните заклучоци:

- да се прифатат сите досега утврдени заклучоци, донесени во март, 2018 година на состанок на сите рурални општини;

- да се организираат заеднички состаноци со претставници од надлежните институции за надминување на предизвиците при донесувањето на урбанистички планови. Состаноците да се тематски и со соодветната институција, одговорна за спорниот предизвик;

- да се формираа работна група, доколку за тоа има потреба, во која учество ќе земат покрај претставници од ЗЕЛС и претставници од сите институции пред кои е воочен застој при донесувањето на урбанистичките планови;

- да се испрати барање до Министерството за финансии и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општините редовно да добиваат увид за издаденото земјиште под закуп на територијата на конкретна општина, увид на целокупните средствата кои се добиени по овој основ, како и увид во средствата кои е потребно општината да ги добие.

- да се разгледаат сите можности за развивање на мерки за стимулирање на неразвиените општини, со дополнителна финансиска помош на годишно ниво;

- да се утврдат мерки за сузбивање на иселувањето од руралните средини

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.