ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потпишан Меморандум за соработка меѓу ЗЕЛС и Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија
22 март 2017

 

ЗЕЛС и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија на 21 март, 2017 година, во просториите на ЗЕЛС потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. Меморандумот се однесува на обезбедување на континуирана и продлабочена соработка меѓу стручни лица од Комората и од ЗЕЛС во процесот на изготвување на предлози и мерки за подобрување на сите административни процеси во општините и Град Скопје кои ги тангираат инженерите и градежните фирми. Исто така, со овој Меморандум се потенцира реализацијата на едукативни настани (специјализирани обуки, работилници..) поврзани со инженерското и градежно работење, локалната самоуправа, процесите на издавање на одобренија за градење и други административни прашања, како и размена на искуства и најдобри практики од други области од заеднички интерес на двете страни. Во името на ЗЕЛС, Меморандумот го потпиша претседателот на Заедницата Коце Трајановски, а во името на Комората, докумнетот го потпиша нејзиниот претседател, проф. д-р Миле Димитровски.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.