Министерството за труд и социјална политика започна со имплементација на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со финансиска поддршка од Меѓународната Банка за обнова и развој (Кредит Бр: 8902 –МК ). Проектот има за цел да го подобри пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и пристапот до социјални надоместоци и услуги.
Проектот опфаќа 3 компоненти:
Компонента 1: “Промовирање на социјалната вклученост преку подобар пристап до социјални надоместоци и услуги"
Компонента 2: “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги”
Компонента 3:“Управување со проектот, следење и оценка”
Трите компоненти на Проектот вклучуваат различни видови на активности: развој на политики, поставување на сеопфатен систем на социјални услуги и системско спроведување на реформираните услуги преку проширена мрежа на даватели на социјални услуги ,техничка помош и обуки за поддршка и зајакнување на капацитетот на локалната власт, проширување на капацитетите за предучилишно воспитување и образование преку изградба на нови објекти и пренамена (или надградба) на постоечката инфраструктура за предучилишни програми.
Во рамките на компонента 2: “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги” ќе се финансираат проекти за креирање на дополнителни капацитети во предучилишните установи преку изградба на нови градинки и преку доградби и адаптации на постојни објекти .
Формуларот за аплицирање на општините за грант може да се превземе од веб страната на Министерството за труд и социјална политика: http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx или преку доставување на барање до Проектната единина на следниве маил адреси: sanja.andovska@mtsp.gov.mk; ekunovska@mtsp.gov.mk
Прилог: Javen povik za detski gradinki1.doc
|