Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Шест нови предлог законски решенија од областа на управувањето со отпад презентирани пред локалната власт
20 декември 2019
 

 

Шест нови предлог законски решенија од областа на управувањето со отпад, што ги подготви Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) беа презентирани на 18 декември, 2019 година, во Клубот на пратениците, пред градоначалниците и претставниците од општинската администрација од одделенијата за заштита на животна средина. Станува збор за Предлог Законот за управување со отпад; Предлог Законот за пакување и отпад од пакување; Предлог Законот за електрична и електронска опрема и отпад од за електрична и електронска опрема; Предлог –Закон за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори; Предлог Закон за дополнителни текови на отпад и Предлог Закон за проширена одговорност на производителите.

Јавната расправа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој посочи дека целта на законските измени не е само усогласување со европската регулатива туку пред се, подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и зголемување на свеста и одговорноста на правните субјекти со создавањето и управувањето со отпад. –„Тенденцијата е да се намали создавањето на отпад, да се посвети поголемо внимание на негово селектирање, но и на негово искористување во насока на креирање на „зелени“ нови вработувања“-рече Нуредини. Тој изрази незадоволство поради малиот одзив на локалните власти на јавната расправа, на која сепак се разви дебата што беше насочена особено кон обврските што произлегуваат од овие законски решенија за локалните власти, како и во делот кој се однесува на утврдувањето на висината на цената за управувањето со комуналниот отпад.

Пред присутните се обрати и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, Таа, меѓу другото, реагираше и за кусиот временски рок што МЖСПП им го даде на општините за квалитетно разгледување на предложените законски решенија. – „Од она што успеавме да разгледаме, имам впечаток дека и новите законски мерки повторно имаат тенденција на централизација а, не на децентрализација на постапките, како и утврдување на голем број обврски на локалните власти без при тоа да се обезбедат соодветни финансиски средства за нивно адекватно спроведување“ рече Перишиќ.

Претставниците од МЖСПП беа со спротивен став, односно тие потенцираа дека со овие закони се воведуваат одредени олеснувања за општините и дека се креирани во насока да обезбедат намалување на оперативните трошоци. Беше посочено дека една од целите на законските измени е обезбедување на законска основа за регионално решавање на прашањето со управувањето со комуналниот отпад во нашата земја. Беше посочено дека во делот на собирање и транспорт на отпадот дадена е поширока можност, освен на ЈКП тоа да го прават и приватни претпријатија. Утврдени се нови, попрецизни дефиниции на разни видови на отпад, предвидуваат поголема одговорност на правните лица произведувачи на отпад, каде се предвидува воспоставување на оператор или виш управител за управување со отпад, постапки и издавање на лиценци и слично .

Присутните посочија дека пред речиси две години општините се изјаснија и и дозволија на Владата на РСМ да ја презема обврската за воспоставување на регионално управување со отпадот, но дека досега не забележале видливи резултати. Од МЖСПП посочија дека токму со овие законски измени се обезбедува реализација на тој процес, при што беа информирани дека веќе се подготвени седум регионални планови за управување со отпад, усвоени од општините и дека се обезбедени грант- средства за изградба на две депонии за комунален отпад на регионално ниво. Беше посочено дека цената за изградба на депониите е многу висока, но дека се прават напори во следниот период да се обезбедат средства и за останатите региони. Со Законските измени се уредени активностите и мерките за регионално управување на отпад, каде се предвидува и организирање на регионален одбор и организациона единица за управување со отпад, а исто така беше посочено дека се регулира и евидентирањето на видот, количината, потеклото на отпадот и слично.

Претставниците од локалната власт остро реагираа што е предвидено висината на цената за управување со комуналниот отпад ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, посочувајќи дека со тоа оваа надлежност му се одзема на Советот на општината. Присутните, исто така, предупредија дека регионалното управување со отпад, во сите плански региони, може да доведе до утврдување на многу висок надоместок за граѓаните при добивањето на оваа услуга. Ги запрашаа претставниците од МЖСПП дали во направените експертските анализи е земен во предвид овој многу важен момент кој треба да претставува значајна основа во градењето на политики за утврдувањето на регионални депонии. Претставниците од локалната власт изразија загриженост доколку дојде до евентуалното зголемување на цената на оваа услуга, бидејќи своето незадоволство граѓаните првенствено го насочуваат кон локалната власт .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.