|
|
 |
|
|

Излезе од печат декемврискиот број на Гласилото на ЗЕЛС
15 јануари 2010
|
 |
Измина и последниот месец од годината, месец декември, во кој ЗЕЛС спроведе низа активности посветени на зајакнувањето на капацитетите на нејзините членки и на обезбедувањето на подобри услови за натамошно спроведување на децентрализацијата. Овој месец, позитивна евалуација доби Општината Петровец, со што се зголеми бројот на општините кои се во втората фаза на фискална децентрализација, а како резултат на постојаните притисоци на ЗЕЛС, се очекува наскоро да бидат реализирани можностите за надминување на препреките и за преостанатите општини и тие да започнат да ги реализираат обврските од повисокото фискално ниво. Средбите со министерот за финансии вродија со позитивни резултати за локалните власти, околу зголемувањето на средствата од ДДВ, за 04% за 2010 година. Притисоците на ЗЕЛС вродија и со уште еден успех, па токму во овој месец министерот за транспорт и врски објави дека дефинитивно, управувањето со градежното неизградено земјиште ќе го вршат општините. Веќе на почетокот на следната година ќе дејствуваме, наместо најавената 2011 година, тоа да се случи што е можно порано. За жал, несупешна беше средбата на претставниците од ЗЕЛС со министерот за образование и наука, на која се реагираше на намалувањето на средствата за образование за општините, за 2010 година, за околу 300 миилиони денари. На тоа реагираа и членовите на УО на седницата оддржана на 16 декември, по што беше упатено и протестно писмо до министерот Тодоров. Бурни реакции на оваа тема градоначалниците изнесоа и на втората седница на Генералното Собрание на ЗЕЛС, што се оддржа на 17 декември и на кое претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски ги изнесе сите овогодишни постигнате успеси на ЗЕЛС, но говореше и за проектираните идните активности. Истиот ден ЗЕЛС, со финансиска поддршка на ОБСЕ, ја организира и Конференција за одбележување на четири години од процесот на децентрализација во нашата земја. ЗЕЛС исто така, овој месец оддржа и прва Конференција посветена на информатичко -комуникациската технологија во општините, на која беше промовиран и Прирачникот за изработка на ИКТ за општините, со што ЗЕЛС го дава својот придонес за нејзините членки и во оваа област.
Прилог: zels_glasilo_12_mak-alb.pdf
|
назад
|
|
|
|
|