Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потреба од поголема соработка на локалната власт, стручните училишта и компаниите
17 октомври 2019
 

 

Една од важните реформи во образованието во нашата земја претставува реформата на средното стручно образование. Во таа насока, на 15 октомври, 2019 година, ЗЕЛС организираше работилница за лицата задолжени за образование од локалната власт на тема - “Предизвиците на локалната самоуправа во средното стручно образование“. Работилницата беше одржана во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот и претставуваше дел од Годишниот план за обуки на ЗЕЛС за 2019 година. На работилницата беа поканети претставници од Центарот за стручно образование и обуки (ЦСОО) и претставниците на Советот за стручно образование и обука во чиј состав се претставници од министерствата за образование; за финансии; за труд и социјална политика; за економија; потоа од Бирото за развој на образованието, ЗЕЛС, Сојузот на стопански комори, Агенција за вработување, СОНК, Стопанската комора.

На раболилницата беше изнесено дека учениците по завршувањето на основното образование може да се запишуваат во стручно образование кое претставува стручно оспособување (двегодишно); стручно образование за занимања (тригодишно) и техничко образование (четиригодишно), а се воведува и постсредно специјалистичкото образование (мајсторство). Во стручното образование се воведуваат модуларни програми, а измени има и во наставните планови. Соодносот на општообразовните и стручните предмети значително се подобрува во полза на стручните предмети и тоа во трета година 60%, а во четврта година 70% од наставниот план. Се посветува големо внимание на предметот „учење преку работа“ односно се зголемува бројот на часовите на задолжителната пракса Практичната обука во наставните планови е утврдена на 40% кај тригодишното образование и 50% кај двегодишното стручно оспособување. Најмалку 1/3 од вкупниот фонд на часови за практичната настава во трите години треба задолжително да бидат реализирани во реални работни процеси, во соодветни компании. Со тоа се задоволува едно од долгогодишни барања на компаниите да добиваат квалитетни образовани кадри, кои ќе имаат соодветни вештини и ќе можат брзо да се вклопат во работниот процес. Предвидено е во стручните училишта да има наставници –координатори, кои ќе бидат одговорни да обезбедат компании во кои учениците ќе треба да ја спроведуваат практичната работа и феријалната практика. Присутните беа запознаени како се креират образовните профили, кои со измените добиваат ново име - ,,стандардни квалификација“., а целта изедначување со европските стандарди бидејќи обезбедува унифициран податок за што е оспособен ученикот со стекнувањето на одреден степен на стручно образование. Присутните беа информирани дека се работи и на законски измени за поттикнување на работодавачите, преку обезбедувања на даночни олеснувања, да им обезбедат квалитетна практична работа на учениците. Потоа беа информирани дека се обучени голем број на лица од компаниите за обезбедување на менторство на учениците при спроведувањето на практичната работа.

Во таа насока беше посочена и улогата на локалната власт, која треба да врши анализа на потребите на пазарот на трудот на локално ниво и да ги искажува согледувањата за потребите до МОН и Центарот и установите за стручно образование и обука; да доставува предлози до Министерството и до Центарот за потребите за развој на наставните планови и програми и да доставува предлози за уписната политика во стручното образование и обука до Министерството.

Присутните претставници од општините од областа образование посочија дека ваквите реформи треба да го подобрат актуелниот амбиент на квалитет што излегува од средното стручно образование. При тоа тие укажаа на послабата заинтересираност на учениците за упис во стручни училишта, но и немањето на услови за нивно подоцнежно вработување, особено во помалите градови и рурални средини поради малиот број на активни компании. Исто така ја нагласија и недоволната поддршка од компаниите за практична работа на учениците, кои посочуваат на можноста за повреда на ученикот при извршување на практичната работа, потоа неисплатените трошоци за ангажирање на своите вработени за обучување на учениците, немањето на никакви поволности за компанијата и слично. Го нагласија и моментот на заминување на голем број средношколци надвор од земјата по нивното стручното оспособување тука (особено во медицинската струка). Исто така, беше посочено дека многу често се случува МОН да не ги земе во предвид барањата на општините за потребата од воведување на нови образовни профили во нивните стручни училишта, на неадекватна опременост на училишните лаборатории за извршување на практичната работа, на слабата флексибилност на наставениот кадар и слично.

Присутните заклучија дека во иднина локалната власт треба повеќе да се посвети на обезбедувањето на добри конекции меѓу стручните училишта и компании на нивната територија. Потоа дека локалната власт треба да ги поттикнува училиштата да обезбедуваат голем број на средби со родителите на децата кои го завршуваат основното образование, во насока на посочување на нивно запишување во стручните училишта. Нагласени беа и некои позитивни искуства од други земји, каде улогата на образовните институции е понагласена при утврдувањето на натамошниот облик на школување на ученикот, заснован на неговите дотогаш покажаните резултати и извршени посебни стручни анализи. Беше нагласено дека МОН треба уште во месец октомври да го упати повикот до општините за упатување на барања за воведување на нови профили во средните стручни училишта во нивната општина, базирани на анализа на потребите на пазарот на трудот. Целта е што порано и подетално да бидат истите разгледани и да се обезбедат и кадровски и технички услови за нивна реализација во следната учебна година. Генералниот заклучок од средбата во ЗЕЛС беше дека е потребно да се обезбеди поголема соработка меѓу локалната власт, стручните училишта и компаниите со цел обезбедување на потребни и квалитетни стручни кадри во земјава, според потреби на стопанството.






назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.