ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Средба на претседателството на ЗЕЛС со евроамбасадорот Фуере
21 јануари 2010
 Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски и потпретседателите Изет Меџити и Зоран Дамјановски, на 21 јануари 2010 година, во просториите на ЗЕЛС се сретнаа со евроамбасадорот, Ерван Фуере. Средбата се одржа на барање на евроамбасадорот Фуере, кој ја истакна поддршката на Европската унија за активностите на локалните власти во процесот на активно градење на децентрализацијата, истакнувајќи ја поддршката на ЗЕЛС и на општините во однос на нивните барања за обезбедување на поголема финансиска независност. Евроамбасадорот искажа големо задоволство од потегот на централната власт во однос на разрешувањето на повеќегодишното барање на ЗЕЛС, општините да менаџираат со градежното неизградено земјиште, како и во однос на зголемувањето на зафаќањето од ДДВ за општините за 2010 година, од 3% на 3,4 % но, при тоа сепак укажа дека и при ваквите зафати, општините располагаат со навистина многу малку финансиски средства за реализирање на своите надлежности. Тој на состанокот истакна загриженост за општините што се уште се наоѓаат во првата фаза од децентрализацијата, при што се интересираше за мерките што се преземаат на ова поле, но исто така посочи и на минималното почитување на законската обврска од страна на централната власт, за обезбедување на средствата од 1% од БДП, утврдени со Законот за рамномерен регионален развој, во корист на локалните власти, односно регионите.

За укажаната поддршка, како и за помошта што Европската унија им ја дава на локалните власти од земјава, благодарност истакна претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски при што потенцира дека општините, преку ЗЕЛС и натаму ќе лобираат кај централната власт за издвојување на повеќе финансиски средства за општините. Тој укажа дека ставот на Управниот одбор поддржан и од Генералното Собрание на ЗЕЛС е процентот од ДДВ што се одделува за општините да биде најмалку 6% а од персоналниот данок да изнесува 30% . Исто така истакна дека се формирани сите регионални центри, со што ќе се овозможи да се искористат предвидените средства од ЗРРР, а во однос на општините кои се наоѓаат се уште во првата фаза истакна дека до крајот на овој месец се очекува да бидат прифатени предложените законски решенија од страна на ЗЕЛС, кои ќе обезбедат разрешување на овој проблем. Трајановски истакна дека владата има иницијативи и разбирања за одредените проблеми на општините, за пшто се организирани и посебни специјални седници на Влада за проблемите на ЗЕЛС. Но сепак укажа дека со сите мерки кои се преземаат од нејзина страна општините ќе бидат можеби доведени до степен на одредено функционирање, извршување на обврските но не и до развој на општините за што се потребни поголеми фискални чекори во полза на локалните власти. Во однос на напорите што ЗЕЛС ги прави за намалување на диспаритетот на општините, беше укажано дека со притисоци од ЗЕЛС беше променета методологијата за распределба на средствата од ДДВ, каде беше прифатен предлогот на ЗЕЛС да се стави долна граница , односно дека не може ниту една општина да добие помалку средства од три милиони денари, а исто така ја потенцира заложбата општините што поскоро, дури и порано од 2011 година да го добијат правото да управуваат со градежното неизградено земјиште.

Потпретседателот Зоран Дамјановски истакна дека ,,единствен отворен прозорец,, за општините кои имаат градоначалници од опозиционите партии, претставува токму ЗЕЛС, бидејќи преку ЗЕЛС имаат можност да ги изнесат проблемите со кои се соочуваат и заеднички да лобираат за нивно разрешување. Тој укажа и на проблемите во областа на урбанизмот, особено од доменот на нелегалните градби и потребата од што поскоро донесување на законски норми како и корекции на одредени членови, меѓу кои и член 14 од законот за урбанистичко и просторно уредување. Потпретседателот Изет Меџити исто така го потенцира значењето од донесување на закон за легализација на дивоградбите Потпретседателот меџити изјави дека македонските општини се далеку од европскиот просек во однос на финансиските средства со кои располагаат и упати апел општините ,ЗЕЛС со поддршка на ЕУ да ја охрабрат Владата на РМ да превземе похрабри чекори во однос на финасирањето на локалните власти. При тоа тој ги истакна, според него, трите најважни чекори: децентрализација на градежно земјиште да се одвива со полн капацитет, да се зголеми процентот од зафаќањата од ДДВ и персоналниот данок вокорист на општините и што поскоро донесување на закон за легализација на дивоградбите.

назад


Преземени вести
Се чека на официјално известување од Интерпол за да се побара екстрадиција на Јакупи - Нацист
(07.09.2010)
Македонија која има распишано меѓународна потреница по Лирим Јакупи-Нацист ќе побара негова екстрадиција веднаш штом добие официјална информација од Интерпол за тоа каде точно се наоѓа. Откако ќе пристигне известувањето Министерството за правда ќе почне со постапките за упатување барање за екстрадиција, со потребната документација за извршени кривични дела.
 
Собранискиот Деловник утре пред пратенциите
(07.09.2010)
Измените на Деловникот на Собранието ќе се најдат пред пратениците на утрешната пленарна седница. Тоа е договорено денеска на координација кај претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски, на која по неколкунеделен бојкот, присуствуваа и претставници на опозицијата.
 
Трајан Басеску сака да го преиспита договорот со ММФ
(07.09.2010)
Претседателот на Романија, Трајан Басеску денеска изјави дека земјата во октомври би требало да го преиспита договорот за заем со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
 
Во Авганистан убиен познатиот новинар Сајед Хамид Нури
(07.09.2010)
Авганистанската полиција го истражува убиството на познатиот новинар Сајед Хамид Нури, кој бил неколкупати прободен со нож и обезглавен.
 
Лебот нема да поскапи, тврдат мелничарите
(07.09.2010)
Состојбата во мелничко-пекарската индустрија не е алармантна иако пченица нема зашто производителите ја чуваат за стоката поради скапата пченка, велат преработувачите
 
Во Скопје изложба на фотографии за Брисел
(07.09.2010)
Во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска беше отворена изложба на фотографии насловена „ЦО2 бесконечноста на Брисел“, во рамки на програмата „Престој на уметници во Брисел“.
 
На 8 септември фолклорен фестивал „ПРЕСПА 2010“
(07.09.2010)
 
Охридските бродари поднеле барања за сертификат за пловидба
(07.09.2010)
 
Комисијата за финансирање и буџет даде поддршка на измените на Законот за платен промет
(07.09.2010)
 
Македонски национален ден утре на „Шангај експо 2010“
(07.09.2010)
 
Новиот амбасадор на Шведска Ларс Валунд ги предаде копиите од акредитивните писма
(07.09.2010)
 
Затворен стечајот на прилепски „Металец“, најавено рестартирање
(07.09.2010)
 
Во Битола донесен детален урбанистички план за касарната „Стив Наумов“
(07.09.2010)
 
Босанската полиција откри голем импровизиран магацин со оружје
(07.09.2010)
 
Бесплатни учебници за албанските Македонци и Грци
(07.09.2010)
 
Хрватските синдикати собрале доволен број потписи за референдум
(07.09.2010)
 
Лисоволик: Србија ги исполни сите услови на ММФ
(07.09.2010)
 
Трајан Басеску сака да го преиспита договорот со ММФ
(07.09.2010)
 
Локалните избори во Албанија ќе се одржат на 8 мај 2011 година
(07.09.2010)
 
Во Србија ќе се пребројуваат и бездомниците
(07.09.2010)
 
Кинески пилоти го фалсификувале работното искуство
(07.09.2010)
 
НАТО бара уште 2.000 војници во Авганистан
(07.09.2010)
 
Во Авганистан убиен познатиот новинар Сајед Хамид Нури
(07.09.2010)
 
Либерман е против продолжување на мораториумот
(07.09.2010)
 
Во Камерун над 300 луѓе починаа од колера
(07.09.2010)
 
Нова тропска бура се формира над Мексиканскиот Залив
(07.09.2010)
 
На Нов Зеланд продолжена вонредната состојба поради дополнителните потреси
(07.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.