Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Реализирани средбите со претседателите на совети од сите плански региони
19 октомври 2019
 

 

Со одржување на средбата на претседателите на советите од Североисточниот регион на 17 октомври, во Општина Крива Паланка, ЗЕЛС ја заокружи оваа активност која се спроведуваше низ изминативе два месеци, по иницијатива на членовите на Комитетот на Совети во ЗЕЛС.

Сите претседатели на совети од овој регион ја потврдија потребата од почести средби во рамките на самиот регион со цел конкретни решенија за надминување на нивните заеднички потреби и проблеми.

Изабела Павловска, претседателката на Советот на Општина Крива Паланка и член на Комитетот на Совети при ЗЕЛС ја пренесе заложбата на ова тело за утврдување на заеднички ставови на ниво на претседатели на совети во сите региони и дефинирање на иницијативи и заклучоци кои понатаму преку телата на ЗЕЛС ќе се пренесуваат до централните институции.

Во оваа насока говореше и Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ која го пофали овој регион со примената на родовата еднаквост во изборот на претседатели на совети во општините, при што се задржа на улогата на Комитетот на советите при ЗЕЛС, неговиот начинот на работењето и изборот на членовите. Таа посочи на потребата од поголема активност на претседателите на советите за соработка со ЗЕЛС, како и за изнесување на иницијативи и ставови за јакнење на улогата на општинскиот совет. Секако, ги запозна и со расположливите ресурси на ЗЕЛС како асоцијација на општините, а кои се во функција на координирање и лобирање за интересите на локалните власти, поддршка на електронските услуги и информирање. Таа говореше и за заклучоците кои произлегоа од последната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, поврзани со средбите на Управниот одбор на ЗЕЛС со премиерот, Зоран Заев, а потоа и со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кои се однесуваат на заложбите за обезбедување на поголема финансиска самостојност на локалната власт, преземање на нови надлежности од полза на граѓаните и реформи во организацијата на единиците на локална самоуправа. Директорката на ЗЕЛС пред советниците го презентираше предлог- концептот зошто е неопходно продолжувањето на реформите на локалната самоуправа. Тие беа запознаени со ставовите на органите и телата на ЗЕЛС за потребата од зголемување на одговорноста на локалните власти за собирање на сопствените приходи. Присутните беа запознаени со иницијативата на органите на ЗЕЛС за промена на ставката за пресметување на данок на имот, односно беше посочено дека речиси сите општини ја користат најниската ставка од законски утврдените можности (0,1% до 0,2%) за пресметување на данокот на имот, кој претставува најзначаен извор од сопствените приходи на локалните власти. Во таа насока општинските совети треба адекватно да дискутираат за потребата, можностите и предностите што би се обезбедиле за општината, доколку оваа ставка се зголеми .

Советниците беа информирани и за предлогот на органите на ЗЕЛС околу надоместокот за „легализација“ на објектите кои се бесправно изградени во периодот по стапување на сила на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, односно изградени по 3 март, 2011 година. Мерката која е предложена е утврдување на правен статус на бесправен објект кој бил изграден по 3 март, 2011 година, само под услов тој да може да биде вклопен во урбанистичко – планската документација и за него да се плаќа дополнително зголемен процент од редовната висина на надоместокот за уредување на градежно земјиште – популарно наречени „комуналии“. Рангот на определување на висината на надоместокот, во согласност со оваа мерка, дебатирано е да се движи од двојно зголемени комуналии од редовно утврдените за конкретната планска зона, преку ранг на зголемена висина на надоместокот од 150% од редовно утврдената висина на комуналиите.

Претседателите на советите од општините од Сeвероисточниот регион дискутираа за проблемите со превозот на ученици и потребата од промена на критериумите за ангажирање на превозници по ридско планинските места и терени кои согласно сегашните законски услои за добивање на лиценца од превозниците не е возможна и општините не можат да обезбедат безбеден превоз на учениците. Исто така зборуваа и за потребата од јакнење на врската на градоначалник, советници и администрација со цел валоризирање на улогата на советниците во однос на нивната контролна функција на работата на општината. Беше потврдена потребата од обезбедување на најмалку едно лице од општинската администрација, кое ќе биде на располагање на претседателот на советот и на советниците. Се дискутираше околу идејата за професионализација на претседателот на советот на општината, но не и на сите советници, додека концептот за волонтерски ангажман на советниците сметаат дека е неприфатлив поради тоа што може да се намали квалитетот на работа на советниците. Тие го поддржаа предлог- концептот на ЗЕЛС за неопходноста од продолжувањето на реформите на локалната самоуправа, особено делот за обезбедување на финансиска стабилност на локалната власт. Во однос на двете иницијативи на органите на ЗЕЛС, за данокот на имот и за надоместокот за ,,легализација“, на објектите, посочија дека треба посуштински да се размисли за нив, дека е потребна добра анализа за започнување на вакви чекори, особено во однос на прифаќањето на со закон утврдената повисока ставка на данокот за имот. На крајот на средбата уште еднаш беше нагласена полезноста на оваа иницијатива и потребата за поддршка на советите од страна на ЗЕЛС во насока на јакнење на улогата на советниците во општините.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.