ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
10 мај 2017
 

 

ЗЕЛС на 26 април упати честитка до сите свои членки, до сите единици на локалната власт во земјава, посакувајќи им натамошно успешно спроведување на своите надлежности и обезбедување на што поголема финансиска самостојност на општините. Честитките беа упатени по повод “26 Април- Денот на општините“ и 45-тиот роденден на ЗЕЛС.

Во месец март заврши десетгодишната реализација на програмата „Форуми во заедницата“поддржана од СДЦ, при што беше организирана и завршна конференција. Во рамките на овој проект досега беа реализирани многу активности а, една од позначајните беше што со поддршка на ЗЕЛС се обезбеди институционализирање на оваа нова граѓанска алатка, односно нејзино внесување во општинските статути од страна на 59 општински совети. ЗЕЛС го реализираше и процесот на сертификација на форумските модератори и обезбеди 37 лица кои се професионално подготвени и во иднина да ги реализираат форумите во сите општини во земјава. Во рамките на проектот беше обезбеден и „Прирачник во 11 чекори на форуми во заедниците“, кој по повод десетгодишниот јубилеј беше ревидиран и издаден во електронска верзија и поделен на присутните на свеченоста, а обезбедена е и интернет страница www.forumivozaednicata.com.mk со значајни информации за форумите и модераторите. ЗЕЛС и во иднина ќе продолжи со поддршката на општините во спроведувањето на форумите во локалната власт .

Во услови кога не беа распишани локалните избори во законски предвидениот рок, во месец март, се доведе во прашање законитоста на времетраењето на мандатите на избраните градоначалници и советници на единиците на локалната самоуправа. Во таа насока, Управниот одбор на ЗЕЛС, на 15 март, 2017 година одржа седница на која беше разгледано мислењето што го достави Министерството за правда, како надлежно министерство за вршење на работите што се однесуваат изборниот систем, до Министерството за локална самоуправа. Во него беше посочено дека постојните членови на советите и постојните градоначалници можат да ги извршуваат своите, со Закон, утврдени надлежности до завршувањето на рокот определен од членот 16 став (1 од Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на месец мај. Присутните членови на УО на ЗЕЛС донесоа заклучок да го поддржат ова мислење, (во услови кога нема утврдено законско решение за постапување во вакви ситуации), при што беше упатен апел за обезбедување на услови за побрзо распишување на локалните избори, бидејќи во спротивно ќе настане состојба кога општините и институциите кои се под општинска надлежност: училишта, градинки, културни установи, јавни претпријатија, противпожарни единици не ќе можат да ги извршуваат своите надлежности. На оваа седница беше усвоена и содржината на Меморандумот за соработка помеѓу ЗЕЛС и Комората на архитекти и инженери на Република Македонија, што беше потпишан на 21 март, 2017 година.

Во изминатите два месеца, ЗЕЛС имаше и други активности, меѓу кои беше и посетата на Делегација од Унија на општини од регионот Мармара, за продлабочување на досегашната соработка. Студенти од Правниот факултет и од Факултетот за политички на УАКС дојдоа во ЗЕЛС да се запознаат со активностите на Заедницата но, и со процесот на децентрализацијата на власта во Република Македонија. ЗЕЛС во овој период го публикуваше и дванаесеттиот по ред „Годишниот извештај на ЗЕЛС за 2016 година“во насока на обезбедување на поголема транспарентност во своето работење.



Прилог: Zels_Mart-April_2017_MK_ENG.pdf
назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.