ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за финансирање од ЗЕЛС со претставници од Светска банка дискутираа за натамошно развивање на фискалната децентрализација во локалната власт
5 октомври 2018
 Комисијата за финансирање при ЗЕЛС, на 04 октомври, 2018 година ја одржа втората седница на која присуствуваа и двајца претставници од Светска Банка. Тие побараа да се запознаат со предизвиците со кои се соочуваат локалните власти во делот на фискалната децентрализација, како и со предлозите на ЗЕЛС за нивно надминување.

Присутните членови на Комисијата посочија дека ЗЕЛС, во рамките на своите Систематизирани ставови, децидно ги утврди насоките и барањата кон централната власт за обезбедување на поголема финансиска стабилност на општините и за надминување на состојбите со блокираните општини. Ревидираните систематизирани ставови на почетокот на месец јуни беа доставени до Владата на Република Македонија, до Министерството за финансии и до останатите надлежни институции. На состанокот беше нагласено дека и самите локални власти донекаде се одговорни за ваква лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, но сепак најголемиот товар паѓа на централната власт кој не обезбеди континуирано развивање на фискалната децентрализација во земјата. При тоа беше посочено дека за спроведување на префрлените надлежности, блок дотациите се многу ниски односно не се доволни, а беа потенцирани и зголемените, таканаречени ,,скриени“ трошоци кои произлегуваат од големиот број нови законски промени, кои се рефлектираа со нови давачки за локалните власти. Како пример беше наведена обврската за локалната власт за воздушно прскање против комарците, за која општината воопшто не добива дополнителни средства; како и обврските во делот на заштита и спасување; потоа при користењето на катастарските услуги, при проценка на штети настанати во земјоделието, како и во ставката кај наплатата на данок на имот, каде е предвидено намалување на сумата за 50% ако лицето живее во објектот и слично. Исто така, на општините им остана обврската да обезбедат комунална инфраструктура за новите инвеститори, кои со мерките на централната власт за нивно привлекување во земјата, беа ослободени од плаќањето на комуналиите а, беше нагласена сличната состојба и при спроведувањето на легализацијата на бесправно изградените објекти. Во делот на утврдување на висината на приходите од сопствените извори, беше посочено дека локалните власти се однапред законски детерминирани, бидејќи не им е оставено тоа да го регулираат самостојно, во рамките на советот на општината, водејќи се од пазарните вредности и состојби.

Како одговорност за ниските општински буџети, беше посочено дека општините не ја користат воопшто можноста за зголемување на стапката данок на имот, како еден од најважните приходи за локалната власт. Голем број општини немаат направено репроценка на имотот, предмет на оданочување, па основицата за оданочување е истата како од пред  повеќе години. На тој начин се занемаруваат огромни средства за во општинската каса, а дополнително што и наплатата е на многу ниско ниво, а некаде дури и овој данок воопшто не се собира. Надоместокот за уредување на градежното земјиште, освен во Град Скопје, во другите општини е повеќе фиктивен, отколку реална основа за можност за изградба на комунална инфраструктура. И негерулираните состојби во јавните претпријатија кои најчесто се превработени, со постојани загуби и со низок степен на наплата на утврдените такси се дел од нереализираните обврски на локалната власт. Дел од долговите се направени и со неодговорно планирање и задолжување на општината. Сето ова на состанокот беше изнесено како основа за прифатлива критика кон локалната власт за лошата финансиска состојба во општините, но при тоа беше посочено дека за обезбедување на вистинска фискална децентрализација треба да се обезбедат сериозни реформи во овој дел, а особено во делот на обезбедување на висок процент од зафаќањето на ДДВ-најмалку на 10% , и од персоналниот данок –најмалку 50% , адекватни блок дотации, постојан дијалог со централната власт при носењето на буџетот на државата, капитални инвестиции и слично. ЗЕЛС е подготвен за разговори со централната власт во оваа насока а тоа веќе го има дефинирано во своите систематизирани ставови.

Претставниците од Светска банка посочија дека првиот тим од нивни претставници веќе дискутирале со Министерството за финансии каде веќе е изготвена и одредена анализа на јавните финансии.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.