Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Реализирани обуките за изработка на функционална анализа на општините
23 јуни 2019
 

 

Пет општини ќе добијат менторска поддршка при изработката на документот „ Функционална анализа на општината“. Нивните имиња ќе бидат утврдени на почетокот на месец јули, а изборот ќе се направи од оние локални власти кои, во доставените прашалници во претходниот период, искажаа интерес да изработат ваков документ и истовремено учествуваа на обуките на кои беа објаснети методите и техниките за изработка на функционална анализа (ФА). Поддршката ќе започне од месец септември и се планира да биде реализирана до крајот на годината. Со овие активности ќе се заокружи реализацијата на оној дел од проектот -“Поддршка на процесите на демократско управување“, што заеднички го реализираат ЗЕЛС и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, посветен на јакнење на административните капацитетите на општините. Останатите општини кои ќе изразат дополнително барање за менторска поддршка во оваа област ќе имаат можност да ја добијат во следната година. Целта е сите општини квалитетно да ја реализираат законската обврска за изработката на функционалната анализа, која претставува алатка за раководството за подобрување на ефикасноста и ефективноста на извршувањето на работните задачи во рамки на внатрешната поставеност, како и за дистрибуцијата на расположливите ресурси (кадровски, просторни, ИТ, технички и др.) ФА сама по себе не предизвикува суштински промени, туку поставува рамка на сите потребни процеси на развој на капацитетите и на управувањето.

Во рамките на овој Проект во месец јуни, беа одржани две дводневни обуки: едната на 12 и 13 јуни, 2019 во Охрид а, другата на 20 и 21 јуни, 2019 година во Берово. Истородна обука беше одржана и во претходниот месец на 22 и 23 мај, 2019 година во Скопје, со што беа опфатени сите локални власти во земјава. Заинтересираноста на претставници од одделенијата за човечки ресурси од општините беше релативно голема. Дел од единиците на локалната власт веќе ја имаат реализирано оваа законска обврска, дел се во завршна фаза на подготвување на функционалната анализа, а има голем број општини кои воопшто не ја изработиле. Овие обуки ќе им помогнат на сите општини квалитетно да го подготват или изработат овој документ и да ја следат правилноста во неговото натамошно реализирање. Секој од учесниците на овие обуки ќе добие сертификат за учество на обука за изработка на функционална анализа, што ќе биде доделен на заедничка средба на мрежата за УЧР при ЗЕЛС.

На сите три групи од овие дводневни обуки беше применет интерактивниот принцип на спроведување на обуката, при што учесниците имаа можност да искажат нивни примери, да укажат на состојбите во општините при изработката на актите за систематизација и внатрешна организација и да разменат искуства со своите колеги, како и да добијат одговори на одредени прашања од нивната секојдневна работа. Суштината на ФА е да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на актуелните надлежности и задачи на институцијата, но и оние кои се предвидуваат со стратешките документи и при тоа да се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите.

Обучувачите реализираа и повеќе практични вежби со цел попрактично претставување на оваа алатка. Учесниците направија категоризација на активности и функции. Беше претставен моделот на функционалната анализа кој се состои од проценка направена според критериумите за стратегиска усогласеност со планираните цели, градење на организациските капацитети во институцијата и ефективно и ефикасно извршување на работните задачи за остварување на планираните резултати. Пред присутните беше детално претставена и методологијата за спроведување на ФА. Претставниците од локалната власт, на обуката, спроведоа и ,,интервју “ како дел од процесот на прибирање на информации за работењето на институцијата, а се запознаа и со начинот на пополнување на образецот за евалвација на функциите, како и со начинот на креирање на препораки од направената анализа на функциите. Учесниците посочија дека очекуваат ЗЕЛС Тренинг Центарот да продолжи со организирањето на ваков тип на обуки, кои во себе опфаќаат практични примери и изработка на документи.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.