ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Во Скопје ќе се одржи петнаесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет на Република Македонија и Комитетот на региони на Европската Унија
10 септември 2018


Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) на 11 септември, 2018 година, во Скопје, во хотелот „ Александар Палас“ ќе ја одржи петнаесетта седница, со почеток во 09.00 часот. Состанокот ќе го водат двајцата ко-претседавачи, по еден од двете страни, Благој Бочварски, градоначалник на општина Штип, претставник од нашата земја и Јасна Габриќ, градоначалник на Општина Трбовље, Словенија, претставник од Комитетот на региони на ЕУ. Овој настан се одржува во организација на ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа, во соработка со ЗКК.

Пред присутните делегати ќе се обратат и министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Сухејл Фазлиу; министерот без ресор во Влада на Република Македонија, задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашни компании, Зоран Шапуриќ; претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, како и раководителот на политичкиот сектор во Делегацијата на Европска унија во нашата земја, Лукаш Холуб, постојаниот претставник на Програмата на Обединети нации (УНДП) Лиуза Витон и известувачот на Комитетот на региони за проширувањето на ЕУ и претседателот на Регионалниот совет на автономниот регион на Фриули-Венеција Гиулиа, Франко Јакоп.

Првата тема, на која секогаш се дискутира на состаноците на ЗКК, се однесува на „Размена на ефективен ангажман на локални и регионални власти на патот на пристапување кон ЕУ“. Втората тема е променлива и на овој, петнаесетти состанок е посветена на „Фискална децентрализација и политика на локални давачки“. За политиките на фискална децентрализација ќе говорат градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и претставникот од шведската Асоцијација на локални власти и региони (SALAR), Бо Легериус, по што присутните делегати ќе ги изнесат и своите видувања и ставови за ова прашање.

Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) е воспоставен во 2008 година, со цел да ја подготвува основата за проширувањето на Европската Унија преку унапредување на политичкиот дијалог и соработката меѓу локалните и регионалните власти. Го сочинуваат 22 делегати, по единаесет од секоја договорна страна и исто толку заменици. Делегатите од Република Македонија се градоначалници и општински советници. Генерално се одржуваат по две сесии во годината, едната во Република Македонија, другата во Брисел (Белгија). Последниот состанок на ЗКК беше одржан на 3 мај, 2018 година, во Брисел.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.