Поради состојбите во земјата со вирусот COVID 19 се одлучивме „ Годишниот извештај на ЗЕЛС за 2019 година“ засега да го обезбедиме само во „on line“ верзија, не и во печатена форма. Ова петнаесетто по ред издание претставува уште една дополнителна алатка преку која ЗЕЛС на транспарентен начин ги прикажува активностите и резултатите реализирани во текот на годината, како и приходите, расходите и ревизорскиот извештај за 2019 година.
Во него е прикажано работењето на органите и телата на ЗЕЛС, реализацијата на стратегиските цели преку лобирањето, како и работење на зајакнување на капацитетите на општинската администрација преку ЗЕЛС тренинг центарот. Од голема важност се и реализираните активности на поддршката што ЗЕЛС им ја дава на општините за електронските услуги. Сите активности се изнесени преку бројки на остварени приходи и расходи и потврдени со ревизорски извештај.
Прилог: Годишен извештај за 2019г.
|