Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Усвоени методологиите за распределба на средства за блок дотации за општините, за градинките и домовите за стари лица
5 октомври 2020
 

 

Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините на петти октомври, 2020 година, преку користење на софтверска платформа, ја одржа триесет и седмата седница. Присутните позитивно се изјаснија за двете уредби за блок дотации кои се однесуваат на утврдување на средства за спроведување на надлежностите од областа на социјалната политика, што ќе бидат ставени на дневен ред на следната седница на Владата на РСМ. Станува збор за: Уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотациите за јавните установи за деца - детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2021 година и Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите за јавните установи за социјална заштита - домови за стари лица за 2021 година. Министерството за труд и социјална политика и на оваа седница, како и на минатата, немаше номинирано ново лице за член на Комисијата, поради што повторно изостана презентирањето на поопсежни податоци од направената анализа за ефектите што се предизвикани од промената на критериумите за распределбата на средствата во детските градинки, што беа направени за минатата година.

Под точка разно, претседателот на Комисијата, Аце Коцевски (градоначалник на Општина Велес) предложи ова тело да одржи итно, нова седница, а заклучоците од седницата, во вид на препораки да бидат доставени до Владата на РСМ. -,,Оценка на системот за финансирање на локалната власт и препораки за негово подобрување, претставува приоритетна задача на Комисијата утврдена со актот на нејзиното основање. На општините им престои многу значаен период на утврдување на програми и креирање на предлог –буџет, па од таму следи и неопходноста и итноста на ваков состанок, рече Коцевски. Беше договорено, седницата да се одржи на 6 октомври, 2020 година, во просториите на ЗЕЛС.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.