Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Создавање на еднакви услови за спроведување на културата во секој општина и нејзино соодветно финансирање
1 февруари 2021
 

 

Комисијата за култура при ЗЕЛС на 28 јануари, 2021 година ја одржа втората седница на која беа разгледани актуелните состојби во процесот на децентрализација во оваа област, како и иницијативата поднесена од „Градски музеј- Крива Паланка“ за изнаоѓање на начини за обезбедување на оддржливо функционирање на локалните културни установи. Во услови на преземање на мерки за заштита од вирусот Ковид -19, седницата беше одржана онлајн.

На седницата беше повикан директорот на Градскиот Музеј –Крива Паланка, Драган Величковски, кој воедно е и претседател на Мрежата на локални музеи во Р.С. Македонија во која членуваат 8 локални музеи од кои два се со музејски збирки( Кочани и Демир Капија). Тој пред градоначалниците ги образложи поднесените иницијативи за решавање на повеќегодишниот проблем околу финансирањето на културните институции и недостатокот на кадар во нив, со посебен осврт на формираните културни установи од локалната власт во период по започнувањето на имплементација на децентрализацијата во земјава. Новоформираните институции, според постојните законски решенија не се опфатени со средствата што ги добива општината со блок дотацијата за култура, а воедно тие средства се крајно ниски и со нив се покрива минимален дел од целокупните активности што општината ги спроведува во делот на културата и заштитата на културното наследство. Во таа насока, Величковски посочи дека иницијативите се поднесени до Министерството за култура, Комисијата за култура при Собранието на Р.С. Македонија како и други релевантни институции од областа на културата, а одржана била и средба со министерската за култура, Ирена Стефоска.

Претседателката на Комисијата за култура, Соња Стаменкова, градоначалничка на Општина Македонска Каменица даде поддршка на ваквите иницијативи, забележувајќи дека спроведувањето на културните настани, заштитата на културното наследство и формирањето на нови институции од областа на културата на локално ниво треба да се одвива на цела територија на земјата, а не само во главниот град. Во таа насока беше посочено дека треба да се градат и ставовите на комисијата и на општините кон продлабочување на процесот на децентрализација на културата, но сето тоа да се реализира со обезбедување на соодветни финансиски средства за обезбедување на материјални и човечки ресурси. Беше заклучено ЗЕЛС да се испрати прашалник до сите општини за да се утврди состојбата со новоформирани културни установи по општини и да се добијат податоци за нивните просторни услови, број на вработените и начинот на финансирање, по што би се организирала средба со министерката за култура во Владата на РСМ. Исто така, беше договорено да се организираат почести седници на Комисијата за култура при ЗЕЛС, на кои ќе се разгледуваат тематски прашања во насока на придвижување кон дисперзија на културата низ сите општини и решавање на предизвиците со кои се соочуваат.

Присутните беа информирани и за работилницата што се организираше од страна на УНДП и Министерството за локална самоуправа во рамките на презентирањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026, посветена на културата во локалната власт. Во документот се прикажани одредени состојби во општините од аспект на постојните предизвици во културата, како и одредени насоки за финансирање во културата, по глава на жител, покрај досегашното префрлање на блок дотациите и дадените можности за финансирање на програми и проекти од културата за сите општини, преку Годишната програма на Министерството за култура. Во Програмата се понудени и дополнителни, нови начини за финансирање на културата преку т.н. креативни индустрии и примена на други добри практики од европските земји што би можеле да бидат адаптирани во согласност со условите на локално ниво. Се предвидува и изработка на Акциски план од одговорните институции, но засега нема попрецизни информации до каде е реализацијата.

Претседателката на Комисијата, Соња Стаменкова изрази незадоволство од досегашниот начин на финансирање на културата. Таа повторно укажа на потребата за култура подеднакво во сите општини со реална и правична распределба на ресурсите во насока на обезбедување на рамномерен регионален развој и во оваа област. При тоа, таа изнесе позитивен став за дадениот предлог во Програмата за финансирање по глава на жител, како и во делот на промовирање на т.н. ваучерски систем на финансирање според одредени критериуми.

По исцрпување на прашањата од култура, градоначалникот на Општина Богданци, Блажо Шапов посвети внимание на спроведување на спортот во општините, особено за потребата за промени во однос на неговото финансирање. Беше посочено на потребата за промовирање и одделување на клупскиот од школскиот спорт, односно дека локалната власт треба посебно внимание да посвети на обезбедување на услови за масовен спорт на населението. Се отворија и други дилеми кои се однесуваат на издавањето на концесиите во областа на спортот но, и во делот на обновливи извори на енергија. Се утврди дека општините треба да имаат поголема улога во одлучувањето при издавањето на концесиите на нивна територија ,но и да добиваат соодветни средства од издадената концесија. Во овој дел беше предложено овие прашања да се изнесат на разгледување пред органите на Заедницата, а во насока на поддршка на развој на локалната економија .



назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.