Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Обука за примената на новиот Закон за прекршоци во областа на животната средина
13 ноември 2019
 

Советници и инспектори за животна средина од единиците на локалната власт, членови на Мрежата за животна средина при ЗЕЛС, на 12 ноември, 2019 година, во ЗЕЛС тренинг центарот проследија обука во која беше опфатено спроведувањето на прекршочната постапка во областа на животната средина, во согласност со новиот Закон за прекршочна постапка. Всушност, од 18 ноември, 2019 година, инспекторите треба да постапуваат во согласност со одредбите од новиот Закон за прекршоци, за што во изминатите шест месеци се направени и усогласувања во останатата законска регулатива. Беше посочено дека соодветно усогласување е направено и во Законот за животна средина и дека се очекува најдоцна до крајот на овој месец, измените на овој Закон да стапат во сила, по што ќе следи усогласување и во останатите 11 закони од областа на животната средина.

Обуката ја водеше Тања Пауновска, член на двете комисии при Министерството за животна средина: Прекршочна комисија и Комисија за спогодување. Таа говореше за измените во новиот Закон за прекршоци, при што посочи дека санкциите генерално се намалени споредбено со претходниот закон, но дека се остава можност при одредени случаи, кога станува збор за посериозно загрозување тие да бидат зголемени трикратно. Исто така, беше посочено дека во новиот Закон не е предвидена мандатната постапка, туку останува само прекршочниот платен налог, како и тоа дека на опомената и се дава поголем акцент, односно дека таа сега е предвидена како санкција. Ова особено би се применувало во случаи кога физичко или правно лице за прв пат прави прекршок, но не и доколку направениот прекршок предизвикува големи последици по животната средина. Освен опомената, како санкции во областа на животната средина, главно се изрекуваат и парична казна и забрана за вршење на дејност. Стана збор и за спогодувањето, што се користи при утврдени поголемите казни, кај прекршоци од трета категорија, за кои досега ниту една општина нема покренато ваква постапка, но дека тоа може да се случи во следниот период, како што е неодамнешниот пример од Општина Велес, со хаваријата во маслодајната. Беше посочено дека инспекторите треба да обрнат поголемо внимание на доставување на комплетна и уредна документација заедно со барањето за покренување на прекршочна постапка, за да не се враќаат предметите за банални работи од формална природа. При тоа присутните беа информирани дека ако со претходниот закон комисиите беа надлежни за околу 80% од прекршочните барања, со законските измените овој процент на предмети ќе оди директно во судска постапка, а 20 % ќе оди кај комисиите. Исто така, беше посочено дека инспекторите треба да ги прилагодат барањата, соодветно со новите законски измени, а во следниот период се очекува да бидат изработени нови формулари.

Присутните посочија дека новите законски измени се направени токму во оние делови од постапките кои предизвикувале низа предизвици при нивната примена и дека со тоа ќе се обезбеди поголема ефикасност кај инспекциските служби. На крајот на средбата присутните беа информирани дека до средината на декември, ЗЕЛС има планирано уште неколку обуки од областа на животната средина за кои навремено ќе бидат информирани.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.