ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
15-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛС
16 мај 2017
 

 

Управниот Одбор на ЗЕЛС од причина што и по упатеното барање до Собранието на Република Македонија констатира дека сеуште нема излез од новонастаната ситуација, одржа седница на која ги покани и директорите на Централен регистар и Агенцијата за вработување кои би помогнале во објаснување на законската регулатива околу новонастанатите последици во услови на ненавремено распишување на локалните избори.

Министертвото за локална самоуправа и Министерството за правда го известија ЗЕЛС во текот на месец март дека согласно актуелните прописи, мандатот на градоначалниците и членовите на Советите во општините во Републиката и Градот Скопје трае до првата половина на месец мај, сметано согласно одредбите на Изборниот Законик. Оттука, денес, 15 мај се смета дека нстапува утврдениот рок и општините во Републиката ќе постапуваат на начин како што е утврдено во ова мислење. Применувајќи ги одредбите од Законот за работните односи, каде со членот 151 се утврдува дека “На работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос за време на вршење на функцијата и има право, во рок од 15 дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа кај работодавачот за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.” и Законот за вработените во јавниот сектор каде со членот 31, став 2 се утврдува дека вработените во јавниот сектор кои се именувани на јавна функција имаат право во рок од пет работни дена по престанувањето на вршењето на функцијата да се вратат во институцијата од каде што заминале, актуелните градоначалниците имаат право да се вратат на своето претходно работно место, градоначалниците кои ќе се вратат на своите работи места, во роковите предвидени со Закон, ќе треба да бидат избришани од регистарот кој се води при Централниот регистар за да можат да го остварат во целост своето право од работен однос а истовремено да не сносат правни последици заради нивниот статус на избрано лице кое повторно се стекнало со статус на вработен.

В.Д. директорот на Централниот регистар на Република Македонија, г-дин Андреа Поповски, објасни дека лицето кое во Централниот регистар е запишано како лице избрано на јавна функција – градоначалник остварувајќи го своето право од работен однос кој согласно Закон бил ставен во мирување, ќе биде избришано од Централиот регистар во својство градоначалник само доколку се достави барање за упис на ново лице, избран градоначалник, во спротивно нема правна можност за бришење. Ова информација ќе биде доставена и писмено до ЗЕЛС за да се препрати до сите општини.

Истото, беше побарано и од Директорот на Агенција за Вработување на Република Македонија, г-дин Влатко Поповски, со допис да се известат сите општини за законските обврски по ова прашање, а кое директно ги тангира секретарите на општините, советниците и градоначалниците.

Членовите на Управниот одбор завземаа став дека иако веќе од втроник, 16 мај 2017 нивните мандати согласно мислењето од Министерството локална самоуправа и Министерството за за правда мандатите ќе им бидат истечени, тие не можат да дозволат тукутака да ги остават локалните самоуправи туку дека ќе се појават на работа, но нема да потпишуваат никакви акти.

Управниот одбoр на ЗЕЛС по опсежната дискусија изразувајќи огромна загриженост за нормалното функционирање на локалната самоуправа и избегнување на состојбата на создавање на правен вакуум во извршување на надлежностите на општининте а пред се во интерес на граѓаните, повторно испрати апел до Собранието на Република Македонија, политичките партии и останатите државни институции веднаш и без одлагање да најдат решение со кое нема да се дозволи да настане запирање на функционирањето на локалната самоуправа. По седницата следеше прес конференција на која се соопштија ставовите на ЗЕЛС.





назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.