Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
27 февруари 2019
 

 

Општините генерално се заинтересирани процесот на децентрализацијата во нашата земја да продолжи, но само доколку се обезбедат адекватни финансиски средства за квалитетно спроведување на префрлените надлежности. Ова, уште еднаш го потенцираа градоначалниците и на средбата што се одржа со претставниците од Министерството за култура, на која се дискутираше за можностите за пренесување на дел од националните установи во областа на културата, во надлежност на локалната власт.

Кон крајот на месец јануари, во просториите на ЗЕЛС беа поканети секретарите на општините, како и со претставниците од одделенијата за човечки ресурси каде тие ги изнесоа потреби за организирање на обуки за општинските службеници. Оваа средба беше реализирана во насока на обезбедување на адекватна поддршка од страна на ЗЕЛС за јакнење на капацитетите на општинските службеници. Дел од изнесените барања ЗЕЛС ги инкорпорира во Планот за обуки и ќе направи напори истите да ги спроведе во текот на 2019 година во рамките на активностите на ЗЕЛС тренинг центарот. Ова е уште едно олеснување што ЗЕЛС им го овозможува на своите членки, бидејќи обуките што ги реализира ЗЕЛС тренинг центарот се бесплатни. Истовремено, тие се креираат за точно утврдени предизвици со кои се соочува администрацијата и обезбедуваат нивно побрзо надминување бидејќи се темелат и на размена на искуствата што на обуките меѓусебно ги споделуваат претставниците од општините.

Во изминатите два месеца ЗЕЛС им овозможи на своите членки непосредно да се запознаат со можностите за аплицирање на повеќе проекти, меѓу кои и на „Проектот за подобрување на социјалните услуги. Во административната зграда на ЗЕЛС беа поканети службеници од секторите за урбанизам и социјални дејности, кои беа информирани од страна на имплементаторите на Проектот, претставниците од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), за содржината, можностите за аплицирање, начинот на подготовка на апликациите и поддршката што тие може да им ја дадат во текот на целиот процес. Станува збор за средства од кредит од Светска банка, што општините ќе може да ги користат во вид на грант.

Во следниот период, уште еден кредит од Светска банка ќе биде насочен за општините, односно за подобрувањето на локалната патна инфраструктура. ЗЕЛС им овозможи на претставниците од Светска банка да се сретнат со градоначалниците и да слушнат за што најмногу би ги искористиле овие средства и кои би биле најповолните критериуми за нивна распределба. Во овој број на Гласилото на ЗЕЛС изнесени се и други проекти, насочени за потребите на локалните власти, како и подетална информација за средбата на градоначалниците од руралните општини за разгледување на прашањето околу изнаоѓањето на најадекватни решенија за надминување на предизвиците и поквалитетно искористување на средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.



Прилог: Glasilo2019.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.