Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Промовиран почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините
29 октомври 2020
Денес имаме убав повод кој означува уште еден чекор во унапредувањето на соработката меѓу нашата земја и земјите од Европската Унија. Чекор што претставува потврда за продолжување на поддршката на Република Северна Македонија во правец на достигнувањето на европските стандарди. Токму проектот што го промовираме денес директно е насочен за локалната власт и укажува дека тие стандарди треба да ги имплементираме и во најситните пори на општественото живеење, односно да стигнат директно до секој граѓанин. Во таа насока, искуствата од европските региони и градови секогаш се добро дојдени.

Ова го истакна Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, во присуство на Дејвид Гир, амбасадорoт на Европската Унија; Горан Милевски, министерот за локална самоуправа и голем број на градоначалници и претставници од невладиниот сектор, на онлајн конференцијата на која официјално беше означен почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“. Средствата во висина од 5 милиони евра ги обезбедува Европска Унија а дополнителните средства за кофинансирање на проектите се обезбедени од буџетот на државата и ќе се реализираат преку Министерство за локална самоуправа. Повикот ќе биде отворен до 30 декември, 2020 година, а имплементацијата на проектот ќе трае 3 години.

-„ Сигурен сум дека единиците на локалната самоуправа ќе го дадат својот максимум, ќе аплицираат за средства од Проектот и во соработка со своите европски колеги ќе обезбедат иновативни решенија за подобрувањето на општинските услуги; подобрување на капацитетите на општинската администрација за управување со локални кризи; ќе понудат иновативни решенија за закрепнувањето на локалната економија од КОВИД кризата и ќе обезбедат поголемо користење на одржливи ресурси во заштита од климатските промени. Тоа се всушност и областите што ќе бидат поддржани со овој Проект“, посочи Шилегов. При тоа тој додаде дека на нашите граѓани им е потребна и поддршка во обезбедување на европски стандарди со изградба на патишта, канализациони системи, пречистителни станици, депонирање на отпад и слично. Претседателот на ЗЕЛС и говореше за добрите практики од нашите општини кои ЗЕЛС ги сподели во некои соседни земји, но и за преземените активности на Заедницата за унапредување на системот на локалната власт. Тој во своето обраќање го нагласи и очекувањето од Европската Унија, дека нашата земја конечно ќе го добие датум за отпочнување на преговорите за членство во ова европско семејство.

На присутните им се орати и Дејвид Гир, амбасадорoт на Европската Унија кој истакна дека ова е дел од пошироката поддршка што Унијата во континуитет и ја дава на нашата земја, а која сега поконкретно е насочена кон локалните власти.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски посочи дека нашето членство во Европската Унија е највисок приоритет кој што ќе се реализира преку подобрување на условите за живеење за граѓаните во сите области и ги охрабри општините добро да се подготват и да конкурираат во што поголем број. Со иновативни решенија да ги подобрат постојните или пак да креираат нови локални услуги. Тој посочи дека соработката со граѓанскиот и со бизнис секторот е важна за да се идентификуваат вистинските потреби и соодветно да се одговори на потребите на граѓаните.

Повикот има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ, солидарност, соработка и зелен пристап. Линк за повикот: https://bit.ly/3kFlqAz



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.