Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
10 јануари 2019
 

 

Во овој број на Гласилото на ЗЕЛС содржани се активности и настани на кои се изнесени значајни ставови на ЗЕЛС . На 14 декември, 2018 година, во Скопје беше одржана третата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС на која делегатите укажаа на потребата од преиспитување на сегашните позиции на локалната власт, пред сè на надлежностите што подеднакво ги имаат сите општини и на висината на финансиските средства за нивно спроведување. Целта е да се утврдат најповолните чекори за натамошниот развој на процесот на децентрализацијата во земјава. За обезбедување на поголема финансиска стабилност на општините, повторно беа нагласени барањата на ЗЕЛС за зголемување на: зафаќањето од ДДВ на 10 %, од персоналниот данок на 50% и на средствата во сите блок дотации. На седницата делегатите едногласно ги усвоија и акцискиот план и буџетот на ЗЕЛС за 2019 година. Истиот ден, пред одржувањето на седницата на Генералното собрание, ЗЕЛС со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, организираше конференција насловена „Децентрализација: патот што претстои“. Станува збор за средба на локалната со централната власт. Градоначалниците, како и претставниците на Комитетот на советите при ЗЕЛС имаа тричасовна дискусија со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и голем број министри од Владата. Беа изнесени предизвиците со кои се соочуваат општините во областа на урбанизмот, образованието, противпожарната заштита, културата, социјалната заштита, а пред сè беше нагласена потребата за поголема финансиска стабилност на локалната власт. Охрабрувачки беше излагањето на премиерот Заев, кој ги изнесе заложбите на централната власт да биде вистински партнер на општините. Тој посочи и на подготвеноста, финансиски да бидат поддржани општините во реализацијата на низа капитални инвестиции, меѓу кои за изградба на локални патишта, канализациони и водоводни мрежи, градинки, училишта ... Централната власт изрази подготвеност и за пренесување на нови надлежности на локално ниво, доколку општините покажат подготвеност за тоа.

Во текот на месец декември, во ЗЕЛС тренинг центарот беа организирани и низа работилници и обуки за општинската администрација. За претставниците од секторите и одделенијата за финансирање и буџет од општините беше одржано советување за прилагодувањата што треба да ги направат при изработката на предлог-буџетите, односно нивното усогласување со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. „Туризмот и потенцијалите на општините“ беше темата на обуката што ја организираше ЗЕЛС за претставниците од одделенијата за локален економски развој. Обука беше одржана и за претставниците од човечки ресурси на општините, кои во согласност со законот треба да изработат функционална анализа, која треба да претставува основа за подготовка на актот за внатрешна организација и на актот за систематизацијата на работните места. За членовите на Мрежата за животна средина, при ЗЕЛС, беше организирана работилница, поврзана со обврската на општините за изработка на акциски план со долгорочни решенија за намалување на загадувањето на воздухот.



Прилог: GLASILO DEKEMVRI.PDF
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.