Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потребите и предизвиците на советниците презентирани на првата регионална работилница во организација на ЗЕЛС
20 септември 2019

 

Со одржувањето на првата регионална работилница со претседателите на советите на општините од Пелагонискиот регион на 18 септември, 2019 во Општина Ресен, ЗЕЛС отпочна со организација на низата на работилници со претседатели на совети од општините.

Како што подвлече директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ пред присутните претседатели на совети од општините од Пелагонискиот регион, целта на овие работилници е поконкретно запознавање со активностите на Комитетот на Советите при ЗЕЛС, со можностите за јакнење на капацитетите на советниците во рамките на ЗЕЛС Тренинг центарот, како и за утврдување на предизвиците и потребите на советниците кои понатаму би се адресирале во вид на заклучоци и препораки до Комитетот на Советите и останатите тела на ЗЕЛС и релевантните институции.

Претседателот на Совет на Општина Ресен, кој е и член на Комитетот на Советите при ЗЕЛС, Никола Станковски ја потенцираше потребата од почесто организирање на средби со колегите од регионот со цел пренесување на ставовите и заклучоците од Комитетот на советите при ЗЕЛС и од Генералното собрание на ЗЕЛС, како и за подобра координација со претседателите на советите во регионот со цел идентификување на потребите на советниците од регионот, давање на иницијативи и пренесување понатаму до телата на ЗЕЛС за соодветно и навремено решавање со одговорните институции. При тоа, тој се задржа на досегашните активности кои ги имаше Комитетот на советите, донесените заклучоци и препораки. Тој искажа подготвеност за организирање на почести средби, при што апелираше на присутност од колегите на следните настани кои ќе ги организираат самостојно или со поддршка на ЗЕЛС, како и други организации кои работат на полето на јакнење на капацитетите на советниците како избрани функционери на локално ниво.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски ја поздрави активноста на ЗЕЛС за унапредување на работата на советниците во општините преку организирање на работилници и средби со што би се придонело до заедничко решавање на потребите на граѓаните и развој на локалните самоуправи.

Директорката на ЗЕЛС се осврна на начинот на функционирање на Комитетот на советите при ЗЕЛС, на расположливите ресурси кои ги нуди ЗЕЛС како асоцијација на општините а се во функција на информирање, координирање и лобирање за интересите на локалните власти, при што ги охрабри советниците да ги користат истите и да ги адресираат нивните потреби до ЗЕЛС. Потоа се осврна на заклучоците кои произлегоа од последната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС и од последната средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со премиерот Зоран Заев и неговите советници. На присутните им беше пренесена заедничката заложба на централните и локалните власти за отпочнување со реализација на нов бран во стратегискиот развој на децентрализацијата на локалната власт, како и обезбедување на поголема финансиска стабилност на ЕЛС и фазно пренесување на надлежностите од централно на локално ниво.

Потоа следуваше презентирање на состојбите со советите во општините од овој регион, каде претставниците од Општина Прилеп, Ресен, Битола и Кривогаштани ги претставија нивните начини на организирање на работата на советите, каде беа пренесени и некои добри пракси. Сите се согласија дека е неопходно продолжување на процесот на децентрализација, но со доволно обезбедени финансиски средства и во добра финансиска кондиција на институции кои се најавуваат да бидат пренесени од областа на културата, земјоделството, социјалната заштита од централно на локално ниво. Тие сметаат дека за било кои одлуки кои се во интерес на општината и обезбедување на повеќе финансиски средства, а се во насока на подобрување на животот на граѓаните е потребна заедничка, навремена и блиска соработка на советниците со градоначалникот и општинската администрација, како и со продолжување на праксата на отворени дијалози на централната со локалната власт преку телата на ЗЕЛС.







назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.