ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ОГЛАС за вработување на определено време на:Советник - Преведувач
13 септември 2018
 

Врз основа на член 22, став 1, точка 1 од Законот за работните односи (Сл. Весник на Р.М. бр. 62/05), Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС објавува:

ОГЛАС

за вработување на определено време на:



  1. Советник - Преведувач .......................................................................(1) извршител;


- Кандидатите кои се заинтересирани за работа како Советник -преведувач од македонски на албански јазик и обратно потребно е да имаат завршено Филолошки факултет, или друго високо образование, и претходно искуство како преведувач од најмалку 2 години. Работното место претпоставува извршување на писмен и усмен превод (симултан и консекутивен), односно превод на тековната документација на Заедницата од македонски на албански јазик и обратно за потребите на органите и телата на ЗЕЛС и преписката со членството, како и вршење на симултан и консекутивен превод во рамките на тековното работење на ЗЕЛС. Од кандидатите се бара исклучително добро познавање на работа со компјутер како и одлично познавање на англиски јазик, кој е задолжителен како услов. Кандидатите ќе бидат оценувани и според способноста за тимска работа и работа на кратки рокови.

За оваа работна позиција е предвидена плата во нето износ од 29.595,00 денари.


Заинтересираните кандидати своите поднесоци во состав: Биографија, препорака (препораките не се задолжителни) и писмото за интерес треба да ги достават во рок од 8 (осум) дена по објавување на огласот во дневен весник, на адреса:

Заедница на единиците на локалната самоуправа на Р.М. - ЗЕЛС,

ул. “Копенхагенска” бр.5, П.Ф. 32, 1000 Скопје, или

е-маил: contact@zels.org.mk



Ве молиме без телефонски јавувања.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање во канцелариите на ЗЕЛС во Скопје;



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.