ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Финализирање на Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС 2018-2030
11 јуни 2018
 Изработката на Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС 20180-2030 e во финална фаза. Работната група за родова еднаквост при ЗЕЛС, составена од координатори за еднакви можности од општините кои имаат побогато искуство во оваа област заедно со претставник од ЗЕЛС и експерт за родова еднаквост дадоа значаен придонес во изработката на овој документ. Целиот процес започна во март 2018, со поддршка на УН Жени и е дел од проектот „Зајакнување на капацитетите за одговорни родови политики и буџетирање на локално ниво“, имплементиран од ЗЕЛС.

Работната група за родова еднаквост на ЗЕЛС се состана на 7 јуни, 2018 година во Скопје и на работилницата што ја организираше ЗЕЛС работеше на дефинирање на конкретни активности кои произлегуваат од утврдените краткорочни, среднорочни, долгорочни како и од четирите специфични цели на документот Во текот на целиот процес, групата имаше поддршка од претставникот од ЗЕЛС и од ангажираниот експерт по родова еднаквост. По внесувањето на сите дополнителни предлози и активности, ќе се утврди финалната верзија на Стратегијата која кон крајот на месецот јуни ќе биде споделена со сите општини .

Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС е значаен документ кој ја
изразува севкупната политика на Заедницата за остварување на визијата за институционализација на родовата еднаквост во ЕЛС и унапредување на еднаквите можости, вклучително и преку промоција на развој и усвојување на еднакви вредности и практики. Мисијата на ЗЕЛС со оваа Стратегија за родова еднаквост е да ги обедини општините за унапредување на родова еднаквост; да дефинира политика за родова еднаквост на локално ниво; и да оствари координација на националната политика за родова еднаквост на локално ниво.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.