ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Повик за учество во on-line анкета на лицата од Центрите за граѓански услуги на општините
9 февруари 2017

Светска банка (The World Bank) во моментот спроведува истражување на Центрите за граѓански услуги, поточно на лицата во јавната администрација кои испорачуваат голем број на јавни услуги за граѓаните. Истражувањето се спроведува преку on-line анкета https://goo.gl/forms/uq5yV3ByYWWaDVM03 која содржи шест дела и околу 30 прашања.

Светска банка ги повикува вработените кои работат во овие центри во локалната власт, односно на „едно-шалтерскиот систем на граѓаните“ да ја пополнат анкетата до 19 февруари, 2017 година и да ги споделат своите искуства, предизвиците и успесите со кои се соочуваат при нивното работење. Целта на ова истражување е подобро да се осознаат искуствата од работењето на овие центри во голем број на земји од целиот свет и да се направи база на искуствата и можности на овој метод на испорака на услуги.

Врз основа на резултатите од ова истражување, ограничен број на општини може да бидат селектирани за документирање на нивните искуства преку студија на случај. Исто така, имаат можност да станат дел од одредена работна група која ќе одржи неколку работилници во текот на следните месеци.

За подетални информации обратете се до Тамара Николич, одговорно лице од Светска банка на следната електронска адреса tnikolic@worldbank.org.


 



назад


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE


Гласило

Стратешки план 2011 - 2015


Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.