ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Публикуван декемврискиот број на Гласилото на ЗЕЛС
29 декември 2016

Изминува и последниот месец од оваа година, кога се заокружуваат постигнатите резултати, но и се презентираат плановите за активностите за следната година. Во таа насока беше организирана и осмата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС,којашто се одржа на 23 декември 2016 година. Градоначалниците и општинските советници ги усвоија двата значајни документа за работењето на ЗЕЛС:Акцискиот план и Финансискиот план за 2017 година и исто така дискутираа за одредени предизвици со коишто се соочуваат локалните власти во спроведувањето на своите надлежности. Поради политичките состојби во земјата и намалената можност за активно комуницирање и преговарање со надлежните министерстваи други соодветни институции, оваа година беа поднесени најмалку иницијативи за законски измени во полза на локалната власт, во споредба со минатиот период.Сепак, како позначајни закони може да се издвојат Законот за градежно земјиште и Законот запожарникарство, кои регулираа одредени состојби, но и отворија нови прашања за кои ЗЕЛС во следниот период ќе дискутира и ќе поднесе предлози за измени и дополнувања. Позитивно се реши статусот на пожарникарите, но потребата од квалитетно опремување на противожарните единици останува следен предизвик за локалните власти. Главен предизвик и понатаму е прашањето за зајакнување на финансиската самостојност на општините, пред сѐ, зголемување на зафаќањето од ДДВ и од персоналниот данок, како иобезбедување други дополнителни извори за финансирање и други надлежности, поголемо учество во распределувањето на средствата за проекти на регионално ниво, а сѐ поостри се и барањата на општините за управување со капиталните инвестиции. На седницата, претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски посочи декамногу е важно за реализација на овие цели, сите општини максимално да се посветат на евидентирање и реализирање на наплатата на своите приходи, особено на данокот на имот, а во однос на втората стратегиска цел, обезбедување и одржување на систем на услуги, тој апелираше општините максимално да ги користат услугите на ЗЕЛС, и активно да се вклучат во креирањето на Програмата за обуки за 2017 година со свои предлози. ЗЕЛС особено напредува во делот на обезбедувањето електронски услуги и техничка поддршка за своите членки во користењето на електронските услуги, што му обезбеди и голема афирмација во регионот и пошироко.

На прагот сме на новата 2017 година, кога ќе се случат и локалните избори. ЗЕЛС Ви посакува Среќнанова 2017 година, добро здравје и успеси во кариерата.





Прилог: Zels Dekemvri 2016 MK ENG_20 str_ZA ODOBRUVANJE I WEB.pdf
назад


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE


Гласило

Стратешки план 2011 - 2015


Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.