ОГЛАС за пријавување на кандидати за почетна обука и полагање на испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште

 

 

                                                                                                                          ОГЛАС

Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит објавува ОГЛАС за пријавување кандидати за почетна обука и за полагање испит за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост.


1. За пријавување учество на почетна обука, кандидатите треба да ја поднесат следната документација :


- Пријава за учество на почетна обука и полагање на испит за
стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со задолжително наведување на е-мail (електронска адреса) на подносителот на пријавата, и
- Потврда за статус на административен службеник од редот на раководните или стручни административни службеници
- Скенирана копија од документ за идентификација.
Документацијата се поднесува до : Комисија за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит на e-mail: contact@zels.org.mk (се доставуваат скенирани копии од оригинал документи).
Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од три дена од денот на поднесување на пријавите.
На подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација, Комисијата им доставува Известување со образложение дека не ги исполнуваат условите за учество на почетна обука и испит.
Почетната обука ќе се организира преку електрoнската платформа ZOOM, на 23 и 24 ноември, 2021г. (вторник и среда) од 10 до 15 часот. На кандидатите што го исполниле условот ќе им биде дозволен пристап за учество на обуката, заради што на 22.11.2021г. (понеделник) ќе им биде испратен е-порака со линк за поврзување со ZOOM платформата.


2. За полагање испит, кандидатите треба да поднесат Потврда за завршена почетна обука за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, а на денот на испитот со себе да понесат важечка исправа за лична идентификација (лична карта).


Испитот за стекнување со овластување се состои од два дела, и тоа: - прв теоретски дел, и - втор дел (практичен пример).
Теоретскиот и практичниот дел ќе се полагаат во група од најмногу 30 лица, во просториите на Испитниот центар на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандидатот да го положи теоретскиот дел од испитот. Испитните термини дополнително ќе бидат определени.
Согласно бројот на кандидати кои го исполнуваат условот за полагање испит, Комисијата ќе формира соодветен број на групи, а секој кандидат поединечно ќе биде известен за испитниот термин.
Испитот ќе се полага електронски преку интранет на Правниот факултет, односно преку информацискиот систем за полагање испити.
3. За учество на почетна обука и за полагање испит, се плаќа надомест согласно член 106 од Законот за градежно земјиште.
Уплатата за почетна обука и испит треба да се изврши пред почеток на обуката, а по доставена фактура од ЗЕЛС. Само кадидатите за кои навреме се уплатени средствата ќе можат да посетуваат обука и да полагаат испит.


Пријавите за почетна обука и полагање испит, кандидатите ги доставуваат најдоцна 8 (осум) дена по објавување на огласот во дневен весник.


Огласот може да го превземете тука - ОГЛАС