Утврден составот на сите органи на ЗЕЛС: на Генерално собрание; на Комитетот на советите; на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на ЗЕЛС

 


Новиот состав на Генералното собрание на ЗЕЛС, во согласност со Статутот, најдоцна во рок од три месеци од спроведувањето на локалните избори одржува конститутивната седница. Оваа одредба беше запазена во целост и Генералното собрание својата прва седница ја одржа на 22 декември, 2021 година во хотелот DoubleTree by Hilton“, во Скопје. Ова највисоко тело  на ЗЕЛС брои вкупно 90 делегати, од кои, според Статутот на ЗЕЛС, градоначалниците по функција се членови на ова тело и девет делегати од редот на членови на Комитетот на советите ( претседатели на  општински совети, по еден од секој од осумте плански региони а, претседателот на Совет на Град Скопје, по функција е член на ова тело). Присутни беа 77 делегати. Во ЗЕЛС членуваат сите 80 единици на локалната самоуправа и Град Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа.

По изборот на соодветните комисии за утврдување и запазување на регуларноста на постапките (работно претседателство; верификациона и кандидациона комисија) се пристапи кон гласање на предлозите за состав на другите органи на ЗЕЛС: на Управниот одбор на ЗЕЛС, на Комитетот на советите и на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.

Делегатите едногласно го прифатија предлогот на Кандидационата  комисија за членови на Комитетот на Советите на ЗЕЛС.  Па така во следниот период членови на КОМИТЕТОТ НА СОВЕТИТЕ ПРИ ЗЕЛС  се претседателите на општинските совети  :

1.ТРАЈКО СЛАВЕСКИ, ОД ГРАД СКОПЈЕ:

2.САШКА КРСТЕВСКА-ПАВЛОВСКА, ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ, ПРЕТСТАВНИК НА СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН;

3.ИЛИР ЕЛЕЗИ, ОД ОПШТИНА БОГОВИЊЕ, ПРЕТСТАВНИК НА ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ  РЕГИОН;

4. САШО ДОНЕВ, ОД ОПШТИНА ОХРИД, ПРЕТСТАВНИК НА ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН;

5. МОНИКА РИСТЕСКА, ОД ОПШТИНА РАДОВИШ, ПРЕТСТАВНИК НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН;

6. ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА, ОД ОПШТИНА БИТОЛА, ПРЕТСТАВНИК ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН;

7. ИВАН ЖИВКОВСКИ, ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА, ПРЕТСТАВНИК ОД СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН;

8. ЗОРАН ЉУТКОВ, ОД ОПШТИНА ВЕЛЕС, ПРЕТСТАВНИК ОД ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН И 

9 . ГОЦЕ ПОПОВ, ОД ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО, ПРЕТСТАВНИК ОД ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Предложените кандидати од страна на Кандидационата комисија за членови на Управниот одбор на ЗЕЛС (од редот на градоначалници) беа усвоени од Генералното собрание, но со еден глас против. Градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, посочи дека во ова тело треба да учествува и градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, како претставник од единица на локална самоуправа со најголем број на жители во Полошкиот регион.

Управниот одбор на ЗЕЛС  брои вкупно 22 члена, со мандат од четири години. Членовите се 19 градоначалници и тројца советници кои се избираат од редот на членови на Комитетот на советите при ЗЕЛС, од кои само еден, со право на глас.

Во составот на УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗЕЛС беа избрани:

1. ДАНЕЛА АРСОВСКА –Градоначалник на Град Скопје (по функција, во согласност со Статутот на ЗЕЛС ) 

2.ВИСАР ГАНИУ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЧАИР 

3.ПЕРО КОСТАДИНОВ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО –

4.ЕРКАН АРИФИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЛИПКОВО

5.НУХИ НЕЗИРИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ТЕАРЦЕ

6.КОСТАДИН КОСТАДИНОВ–ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

7.ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

8.САШКО МИТОВСКИ –ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

9.ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ - ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

10.ЖАРКО РИСТЕСКИ- ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД

11.ДАРКО КОСТОВСКИ - ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БУТЕЛ

12.МАРКО КОЛЕВ - ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

13.АЛЕКСАНДАР СТОЈКОСКИ - ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

14.ВИКТОР ПАУНОВ- ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КАРБИНЦИ

15. АЦО РИСТОВ - ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА РАДОВИШ

16.МИТКО ЈАНЧЕВ- ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

17.КИРИЛ ПЕЦАКОВ- ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ОХРИД

18.АЗЕМ САДИКИ  – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ 

19. МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КУМАНОВО

20.  ТРАЈКО СЛАВЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

21. ИЛИР ЕЛЕЗИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА БОГОВИЊЕ и

22. САШКА КРСТЕВСКА-ПАВЛОВСКА, ОД ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ

 

Потоа едногласно Генералното собрание ги изгласа и шесте члена на НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ЗЕЛС :

1.ХЕКУРАН ДУКА – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБАР

2.ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БЕРОВО

3.ДЕЈАН ВЛАДЕВ- ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

4.БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ - ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

5.ДИМИТАР КОСТАДИНОСКИ - ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЈЕГУНОВЦЕ

6. ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Членови во составот на овие тела: Комитетот на советите и на Управниот одбор на ЗЕЛС, по изборот се повлекоа и во рамките на кратката пауза на Генералното собрание на ЗЕЛС ги одржаа своите конститутивни седници. На седниците, од својот состав тие избраа свои раководства, составени од три члена, претседател и двајца заменици. Претседателството на Управниот одбор на ЗЕЛС, во согласност со Статутот на ЗЕЛС воедно е и претседателство на Заедницата.  Продолжението на седницата на Генералното Собрание на ЗЕЛС го водеше новото раководство на ЗЕЛС, а пред делегатите се обрати и новоизбраната претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска.

Потоа директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, пред присутните делегати ги презентираше Акцискиот план на ЗЕЛС и Буџетот на ЗЕЛС за 2022 година. Таа посочи дека и понатаму една од најзначајните стратегиски цели на ЗЕЛС е лобирањето до централната власт за унапредување на системот  на локалната власт. Исто така, фокусот на ЗЕЛС  е насочен и кон континуирано продлабочување на примената на електронските услуги од страна на општините, како начин на подобрување на квалитетот на општинските услуги. Третата стратегиска цел се однесува на јакнење на капацитетите на општинската администрација, преку понуда на соодветни обуки преку ЗЕЛС тренинг центарот . Во однос на  Буџетот на ЗЕЛС за 2022 година, низ бројки беа претставени сите планирани трошоци. Беше посочено дека во најголем процент Буџетот се полни од членарината на нејзините членки и дека секоја општина треба задолжително и навремено да ја реализира оваа обврска кон ЗЕЛС.

По завршувањето на седницата делегатите беа поканети да учествуваат на првиот ден од дводневната Конференција за децентрализација и локално управување, со наслов  „Нова енергија во децентрализацијата: со полна пареа кон оддржлив развој“, што ја организираше Програма за развој на Обединетите нации (УНДП).