Публикуван ,,Годишен извештај на ЗЕЛС за 2021 година“

И оваа година беше издаден „Годишен извештај на ЗЕЛС за 2021 година“, што  претставува еден од начините на обезбедување на поголема транспарентност во  работењето на Заедницата. Ова издание беше издадено на македонски и на албански јазик, а во електронска форма публикувано и на англиски јазик. Годишниот извештај претставува уште една дополнителна алатка преку која ЗЕЛС ги прикажува активностите и резултатите реализирани во текот на годината, како и приходите, расходите и Ревизорскиот извештај за 2021 година. Во него е прикажано работењето на органите и телата на ЗЕЛС, реализацијата на стратегиските цели, како и активностите за зајакнување на капацитетите на општинската администрација преку ЗЕЛС тренинг центарот.