На 26 април ЗЕЛС ќе го прослави Јубилејот -50 години од своето основање

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија -ЗЕЛС на 26 април, 2022 година ќе го одбележи Јубилејот -50 години од своето основање. По тој повод, на овој ден, што во Статутот на ЗЕЛС е утврден како „Ден на ЗЕЛС и Ден на општините“.

Заедницата ќе организира свечен настан во хотелот „Александар палас“, во 13 часот, на 26 април, 2022 година (вторник) на кој ќе присуствуваат актуелните градоначалници и претставниците од Комитетот на советите при ЗЕЛС, а поканети се и Премиерот на Владата на РСМ заедно со повеќе министри, потоа високи претставници од дипломатскиот кор од земјава, како и значајни личности кои со своите заложби придонеле за досегашниот развој на ЗЕЛС и за развојот на процесот на децентрализацијата на власта во нашата земја.

На свеченоста, со наслов -  „ЗЕЛС 50 години заедно со општините“ ќе се обрати  претседателката на Заедницата, Данела Арсовска како и високи претставници од централната власт и странски амбасадори. 

Свеченоста ќе биде збогатена и со изложба на цртежи од ученици од четврто одделение, од училиштата од повеќе општини, кои за педесетгодишниот роденден на ЗЕЛС твореа на темата „Мојата општина - мој сакан дом“.

На овој ден, 26 април, 2022 година, исто така, во хотелот  ,„Александар палас“ , но со почеток во 11.00 часот,  највисокото тело на Заедницата, Генералното собрание на ЗЕЛС ќе ја одржи втората седница, на која ќе бидат разгледани значајни документи поврзани со работењето на ЗЕЛС.