Редовно плаќање на членарината и исплаќање на долговите кон ЗЕЛС – апел од Надзорниот одбор

Надзорниот одбор на ЗЕЛС на 26 април, 2022 година ја одржа втората седница  на која беа усвоени трите документи кои се однесуваат на финансиското работење и активностите на ЗЕЛС во 2021 година. Пред присутните членови на ова тело беа презентирани: Годишниот наративен, финансиски и ревизорски извештај на ЗЕЛС за 2021 година. Во однос на приходната страна беше нагласено дека согласно анализите, најголемиот дел од приходите на ЗЕЛС (75%) се генерирани од членскиот надомест од општините, каде наплатата не е на задоволително ниво.  Долгот по овој изнесува над 35 милиони денари. Беше посочено дека членките на ЗЕЛС, имаат можност да ги користат сите механизми, особено потпишување на спогодби со ЗЕЛС за отплата на долгот на рати, со цел истиот да се намали. Во однос на расходите, од минатата година се забележува дефицит кој беше покриен од заштедите од претходните години и ова генерално се должи на неизвесноста со активностите заради пандемијата и дел како резултат на одржувањето на локалните избори.