Објавен повикот за апликација на општините за учество на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, кој е финансиран од Швајцарската амбасада и од Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и кофинансира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), се објавува првиот Јавен повик за изразување интерес на општините за учество во проектот.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), заедно со Министерството за финансии, Здружението на финансиски работници (ЗФР), UN Women, NALAS, организации од граѓанскиот сектор, како и единиците на локална самоуправа во Северна Македонија, се партнери во спроведувањето на проектот.

Повеќе за проектот во документите:

ЈАВЕН ПОВИК- EMC 2, 2022 (за партнери)