Публикуван „Годишниот извештај на ЗЕЛС за 2020 година“

И оваа година ЗЕЛС издаде публикација на „Годишен извештај на ЗЕЛС за 2020 година“. Ова шеснаесетто издание, претставува уште една дополнителна алатка преку која ЗЕЛС на транспарентен начин ги прикажува активностите и резултатите реализирани во текот на годината, како и приходите, расходите и Ревизорскиот извештај за 2020 година.

Во него е прикажано работењето на органите и телата на ЗЕЛС, реализацијата на стратегиските цели преку лобирањето, како и работењето на зајакнување на капацитетите на општинската администрација преку ЗЕЛС тренинг центарот. Од голема важност се и реализираните активности на поддршката што ЗЕЛС им ја дава на општините во делот на електронските услуги. Сите активности се прикажани преку бројки на остварени приходи и расходи и потврдени со ревизорски извештај.

,,Годишниот извештај на ЗЕЛС за 2020 година“ е подготвен на два јазика: на македонски и на албански јазик, но обезбедено е електронско издание и на англиски јазик. Тој е поставен на следниов линк.