Конкурс за проектни предлози: Спроведување мали проекти во област на енергија, транспорт и заштита на клима во општините
Една од клучните активности на проектот ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција е спроведување пилот проекти од областа на енергетика, заштита на клима и транспорт во општините од Западен Балкан. Пилот проектите треба да донесат иновации и нови пристапи за климатска акција на локално ниво.
Единиците за локална самоуправа се поканети да пополнат формулар за апликација за да влезат во процесот на селекција. Максимум 3 (три) апликанти ќе влезат во фаза на финална евалуација.
Проектот ЕУ за енергетска транзиција ќе обезбеди средства кои покриваат од минимум 60% до максимум 90% од вкупните трошоци на предлог-проектот, додека финансиското учество од избраните ЕЛС се очекува да биде од минимум 10% до максимум 40%. Доделениот буџет од GIZ за секој пилот проект е вкупно до 50.000 евра.
Пополнета, потпишана и заверена со печат Апликација треба да се испрати на e-mail: contact@zels.org.mk, најдоцна до 24.08.2022 година.
Прашања може да се постават најдоцна до 27.07.2022 година на e-mail: contact@zels.org.mk. Прашањата испратени по тој датум или преку други канали нема да бидат одговорени. Одговорите ќе бидат објавени по истекот на периодот за поставување прашања на интернет страницата на ЗЕЛС (https://zels.org.mk).
Проектот е финансиран од Европската унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој.
Документи во прилог:
1. Прашања и одговори
2. Формулар за аплицирање