ПОВИК за пријавување на кандидати за стекнување на сертификат за МОДЕРАТОР за спроведување на ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија - ЗЕЛС, како одговорна страна во спроведување на дел од активностите на проектот “Зајакнување на општинските совети - фаза 2“ објавува ПОВИК за заинтересираните кандидати за вклучување во процесот на сертификација и ре-сертификација за МОДЕРАТОР за спроведување на „Форуми во заедницата“. 

Проектот Зајакнување на општинските совети – фаза 2 е проект финансиран  од Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, кој го кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Согласно Методологијата за (ре)сертификација на модератори, по објавувањето на повикот и избор на кандидати, ќе се организира специјализирана обука за модератори, по што следува организирање на испит за стекнување со сертификат, што се состои од два дела - писмен и устeн дел (работа на случај). Писменото полагање се состои од избор на 20 прашања кои ќе се полагаат по електронски пат. Вториот дел од испитот ќе биде организиран во различен ден од писмениот дел, за што кандидатите ќе бидат навремено известени.

За потребите на полагањето на испитот, ЗЕЛС подготви и Прирачник за полагање испит за сертифицирани форумски модератори, што ќе им биде доставен по електронска пошта на секој од пријавените кандидати, по поднесувањето на документите за пријавување за полагање на испитот.

Пријава за полагање на испит може да поднесат кандидатите кои ги исполнуваат следниве услови, и тоа:

1. Да бидат полнолетни граѓани на Република С. Македонија;

2. Да имаат  ВСС степен на образование;

3. Да поседуваат презентациски, модераторски и комуникациски вештини.

 

Напомена: 

1. На повикот ги охрабруваме да се пријават и граѓани кои ги познавааат службените јазици во општините каде што има најмалку 20% од етничките заедници со цел овозможување на квалитетно модерирање на форумските сесии во заедниците каде што граѓаните говорат покрај македонски јазик и друг службен јазик на немнозинските етнички заедници.

2. На повикот може да се пријават и вработени во јавната администрација, вклучително и од локално ниво. (При тоа, останува условот дека со стекнатиот сертификат нема да може да бидат ангажирани за модерирање на Форумите во сопствената општина).

 

Начин на пријавување:

Заинтересираните кандидати заедно со ПРИЈАВАТА треба да достават и Писмо за интерес за стекнување на сертификат за модератор, како и Кратка биографија. 

Пријавувањето може да се изврши по е-маил на следнава електронска пошта: contact@zels.org.mk

Пријавувањето почнува на 13.09.2022 година, додека трае до 26.09.2022 година.

Пријавените кандидати ќе треба да ја посетат воведната обука која е и прва фаза од процесот на полагање на испитот. Терминот ќе биде закажан минимум една недела пред полагањето на писмениот дел. Процесот на обука и испитот ќе бидат организирани во ЗЕЛС Тренинг Центарот-ЗТЦ, во зградата на ЗЕЛС ул. Копенхагенска бр.5., Скопје, а информација за терминот за полагање на писмениот и устниот дел, пријавените кандидати ќе добијат по електронски пат или со телефонско јавување.