Повик за младите за пријавување за иницијативата „Подмладување на политиката“на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа во рамки на својата иницијатива „Подмладување на политиката“,ги поканува младите да се пријават и да станат младински делегат на Конгресот со цел да ја претставуваат својата земја за време на сесиите на Конгресот во 2023 година.
Конгресот на локални и регионални власти е пан европско политичко собрание кое ги претставува локалните и регионалните власти од четириесет и шест земји -членки на Советот на Европа. Неговата улога е да ја промовира локалната и регионалната демократија, да го подобри локалното и регионалното управување и да ја зајакне самоуправата на властите. Тој се состанува два пати годишно.
Младинските делегати ќе имаат можност да учествуаат во сесиите на Конгресот, да ги изразуваат своите мислења и да придонесат кон вклучување на младинската перспектива во работењето на Конгресот.
Повикот за пријавување е отворен за млади лица, младински активисти, студенти, од 46 земји -членки на Советот на Европа.
За подетални информации и онлајн апликација можете да најдете на следниот линк: Online application form
Краен рок за пријавување: 6 јануари 2023 година