БЛАГОДАРНИЦА ЗА ЗЕЛС ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ, ЗА ПОМОШТА ЗА ТУРЦИЈА И СИРИЈА

 

 

На претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во име на ЗЕЛС, денес, на  20 март, 2022 година му беше врачена благодарница од Црвениот крст на Република Северна Македонија, на свеченоста организирана по повод одбележувањето на 78 години од постоењето на оваа организација.  Оваа година, одбележувањето на роденденот на Црвен Крст беше посветено на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Турција и Сирија од ужасниот земјотрес што се случи на 6 февруари, 2022 година, во кој загинаа повеќе од 48.000 жители од двете земји. На настанот на кој присуствуваше највисокиот државен врв, амбасадори, раководства на голем број на институции, фирми донатори и други гости, Црвениот крст му изрази посебна благодарност на ЗЕЛС и на општините кои за многу краток рок успеаја да се организираат и да обезбедат донација од околу  донираа 22 милиони денари, што претставува приближно една третина од вкупната парична донација за оваа намена. Сите општини речиси веднаш  одговорија на повикот на претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски за помош на настраданото население и во рамките на своите финансиски можности ги свикаа советите и донесоа одлуки за донирање на средства.

- Добиената благодарница од Црвениот Крст неизмерно многу ми значи. Таа е симбол дека човештвото се обединило во хуманоста, дека добрината се уште постои и дека се уште сме луѓе. Не постои начин да го надоместиме она што остана под рушевините во Турција и Сирија. Животите, семејствата, спомените, скршените детства и младости се штета која никој не може да ја надомести, но покажавме дека сме тука едни за други. Ја подадовме раката и упативме порака дека сме подготвени да бидеме првата тула во изградбата на новото време.  Ѓорѓиевски потсети  дека, како претседател на ЗЕЛС во тој период, заедно со  претставниците од Црвениот Крст и од Владата на РСМ, веднаш  се сретнале со Амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Н.Е.  Хасан Мехмет Секизќок, со цел  да се информираат за најнеопходните потреби за настраданите и за преземање на итни активности во таа насока. - „ Затоа треба да  продолжиме да се почитуваме и да си помагаме и заедно да си посакаме, катастрофите каква што беше оваа, никогаш повеќе да не се повторат“рече на крајот од своето обраќање Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС  при што упати искрени честити  до Црвениот крст  во Република Македонија за нејзиниот роденден .