Повик за пријавување на локалните самоуправи за спроведување на социјално мапирање и обезбедување на услуги за рехабилитација и реинтеграција за лица со попреченост

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија ЗЕЛС објавува Повик за пријавување на локалните самоуправи за спроведување на социјално мапирање и обезбедување на услуги за рехабилитација и реинтеграција за лица со попреченост

Повикот и пријавата се наоѓаат во продолжение.

Заинтересираните локални самоуправи треба пополнетата Пријава и придружни документи да ги достават на следната мејл адреса blagorodna.shopova@zels.org.mk  најдоцна до 12 мај 2023 година, до 14.00 часот.
 
Активностите се во рамки на проектот „Регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво“ имплементиран од Мрежата на асоцијации на локални власти на ЈИЕ - НАЛАС и асоцијациите на локални власти од Западен Балкан. Проектот се спроведува во соработка со ГИЗ Германско друштво за интернационална соработка во име на Сојузното Министерство за економска соработка и развој (БМЗ).
 
 
Потребни документи:
 

Повик

Пријава