Повик за учество на е-курс на тема „ЛНОБ социјално мапирање и креирање политики засновано на докази“
Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија ЗЕЛС објавува Повик за учество на е-курс на тема „ЛНОБ социјално мапирање и креирање политики засновано на докази“.
Целта на курсот е зголемување на знаењата на професионалците од локалната самоуправа за собирање податоци за потребите на ранливите групи, како и идентификување на можностите за пристап до социо-економски ресурси во заедницата (на пр. училишта, социјални услуги, јавни простори, патишта итн.). Курсот е пред се наменет за професионалците од локалната самоуправа кои работат во областа на социјалната заштита, но и за локални експертски субјекти кои спроведуваат социјални истражувања и анализи.
Овој курс е достапен на македонски и албански јазик.
Курс се состои од четири модули:
Модул 1: Вовед во клучните концепти: Управување со различности, родова еднаквост, социјално вклучување, инклузивни политики, Агенда 2030 и ЦОР, принципот „Не оставај никого зад себе (ЛНОБ)“ и социјално мапирање
Модул 2: Методологија на ЛНОБ социјално мапирање
Модул 3: Развој на извештаи од социјално мапирање и
Модул 4: Донесување одлуки засновани на докази
По успешно завршување на курсот, учесниците ќе добијат сертификат од страна на НАЛАС.
Овој курс е дел од НАЛАС е-Академијата.
Курсот ќе се одржи од 29 мај до 23 јуни 2023 година.
Пополнетата пријава треба се достави до ЗЕЛС, најдоцна до 25 мај, до 12 часот, на blagorodna.shopova@zels.org.mk
Овој курс се спроведува во рамките на проектот „Регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво“ што го спроведува НАЛАС во партнерство со ЗЕЛС и соработка со ГИЗ, а во име на Федерално Министерство за економска соработка и развој (БМЗ).
БРОШУРА SMPM е-учење
Образец за пријавување за учество на е-курс