Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

19 февруари 2021
Педесет ученици од социјално ранливи семејства, од седумнаесет основни и средни училишта во надлежност на Општина Тетово ќе добијат таблети за следење на онлајн наставата. Станува збор за донација обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, имплементиран од ЗЕЛС, НВО Сонце и НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ, во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој.
15 февруари 2021
Шеснаесет лап топ компјутери беа донирани во Општина Куманово со цел задоволување на образовните потреби на учениците од социјално ранливи семејства за учење од далечина. Корисници на уредите ќе бидат учениците од основните училишта од социјално ранливи семејства, а училиштата кои се под надлежност на општината, ќе бидат трајни сопственици на опремата.
15 февруари 2021
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски е избран за нов ко- претседавач на македонската делегација на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на региони на Европската Унија (ЗКК). Тој е назначен на местото на Благој Бочварски, кој до именувањето на министер за транспорт и врски во Владата на РСМ беше ко-претседавач на ова тело. Изборот беше направен на онлајн состанокот што делегатите на ова тело од РСМ го одржаа на 12, февруари, 2021 година. Градоначалникот Мицевски доби едногласна поддршка во изборот при што присутните му посакаа успех во натамошното предводење на македонската делегација на средбите што ЗКК најчесто ги одржува два пати во годината, во Брисел и во нашата земја.
12 февруари 2021
Денес, потпишавме договор за примопредавање на дополнителни 30 контејнери за селекција на стаклена амбалажа. Со тоа општина Штип, како пилот- општини од нашата земја што учествува во Регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ доби вкупно 60 специјализирани контејнери за оваа намена. Ова ќе ни помогне да отидеме чекор напред во подготовките за селекција на тврдиот од мекиот отпад, што ќе треба да го депонираме по воспоставувањето на регионалната депонија. Очекувам сите граѓани во општината, во што поголем број навремено да ја стекнат навиката за селектирање на стаклената амбалажа, но и на останатите видови на цврст отпад, како хартијата, пластиката и слично. Тоа ќе доведе до намалување на предадениот отпад во депонијата и помали трошоци за општината и за граѓаните. Со новите контејнери и оние што ги имавме претходно, сметам дека засега обезбедивме соодветна инфраструктура за собирање на стаклена амбалажа“. Ова го истакна градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, на свеченото потпишување на договорот за примопредавање на новите контејнери, што се реализираше на 11 февруари,2021 година во општинската зграда во Штип. Договорот го потпишаа Градоначалникот на Општина Штип, претставник од Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ) и директорот на Јавното претпријатие ЈП „Исар“. Овој проект во Република Северна Македонија се реализира со поддршка на ЗЕЛС, Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и ПАКОМАК.
9 февруари 2021
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС е домаќин на онлајн обука (вебинар) на тема Форум за социјален дијалог, која ќе се одржи на 18 февруари 2021 година, со почеток во 11 часот.
5 февруари 2021
Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит за стекнување со овласување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија објавува: ОГЛАС за пријавување на кандидати за почетна обука и полагање на испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија согласно член 108 од Законот за градежно земјиште Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит објавува ОГЛАС за пријавување кандидати за почетна обука и за полагање испит за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
4 февруари 2021
Осумнаесет нови контејнери за селектирање на стаклената амбалажа денес пристигнаа во Општина Илинден, што оваа локална самоуправа ги добива во рамките на нејзиното учество во Регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан". По тој повод денес свечено беше потпишан и договор за примопредавање на контејнерите од новата транша, меѓу претставник од Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги ( ГИЗ ОРФ ММС), градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и директорот на ЈКП Илинден, Игор Филиповски.
1 февруари 2021
Комисијата за култура при ЗЕЛС на 28 јануари, 2021 година ја одржа втората седница на која беа разгледани актуелните состојби во процесот на децентрализација во оваа област, како и иницијативата поднесена од „Градски музеј- Крива Паланка“ за изнаоѓање на начини за обезбедување на оддржливо функционирање на локалните културни установи. Во услови на преземање на мерки за заштита од вирусот Ковид -19, седницата беше одржана онлајн.
1 февруари 2021
Резултати од теоретскиот дел од испитот за Градежно Земјиште од полагањето одржано на 01.02.2021 година
29 јануари 2021
На иницијатива на Државниот завод за статистика, на 29 јануари, 2021 година, во Собранието на Република Северна Македонија беше одржана средба за утврдување на заедничките активности на оваа институција со единиците за локална самоуправа, околу за спроведувањето на најголемата статистичка операција во земјава- пописот во државата, што ќе се реализира во месец април оваа година. На средбата, освен градоначалниците учествуваа и Претседателот на државата, Стево Пендаровски, Претседателот со Собранието на РСМ, Талат Џафери, Премиерот Зоран Заев, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и министерот за правда, Бојан Маричиќ. Сите изразија целосна поддршка за успешно спроведување на пописот и испратија пораки до населението дека пописот не е политичка, туку пред се статистичка операција, од која бенефити ќе имаат сите граѓани и целата држава. Беше испратен и апел до сите политички субјекти во земјата да не го бојкотираат процесот и да дадат поддршка за успешно спроведување на пописот.

Погледнете во нашата архива на вести
Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.