Форумски модератори

 

* За повеќе информации поврзани со ангажирање на сертифицирани модератори од листата, обратете се во ЗЕЛС на тел. 02 30 99 033 или е-пошта: contact@zels.org.mk

 

АНКИЦА КИЈАЈОВА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Дипломиран социјален работник
  Филозофски факултет Скопје, Институт Социјална работа и социјална политика

Работно искуство:

2006-2007 година социјален работник во Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост во општина Пробиштип.

Од 2011 година вработена во општина Пробиштип со стекнато професионално искуство во социјалната, детската заштита, администрација, организација, планирање, буџетирање, соработка со граѓански организации, подготовка на планови и програми, организирање на општински професионални настани и собири во општината.

Член на оперативна група, претставник, координатор за еднакви можности на жените и мажите во општина Пробиштип, логистичка поддршка на буџетски форум во заедницата и организација на форумски сесии.

 

ВАЛЕРИЈА СОКОЛОВА - СТОЈАНОВСКА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Дипломиран филолог – Балканист (Балкански јазици  - грчки, албански, бугарски и романски), Великотрновски Универзитет Св. Кирил и Методиј, Велико Трново, Р. Бугарија 2007г.-2011г.

Erasmus Mundus Programe - Универзитет во Јанина, Јанина, Грција,  2010г.-2011г.

Работно искуство:

Менаџмент консултант со долгогодишно искуство во работа со јавна администрација, граѓански и приватен сектор, со фокус на проектен менаџмент и имплементација, мобилизација на фондови, стратешко планирање и локален економски развој. Посветена на M&E во земјата и пошироко, со посебен акцент на ИПА програмата за прекугранична соработка и оценувач на проекти во рамки на Еразмус+ програмата.

Искуство во различни средини и опкружувања, искуство со меѓународни организации (UNDP, OSCE, USAID, SDC Agency и ЕУ ИПА програми). Контролор на ИПА имплементирани проекти. Тренер за јакнење на организациски капацитети и управување со проектен циклус.

ВАНЕ ТРАЈКОВ
СТРУМИЦА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Учество на повеќе работилници и тренинзи  за усовршување на новинари репортери од повеке области во организација на домашни и странски институции
- Економски Факултет - отсек  финансиски менаџмент
- МИМ Скопје (интерактивна обука за новинари/ репортери во соработка со ББС) 
- Средно образование – Гимназија „Јане Сандански“ економски техничар

Работно искуство:

Повеќе од 25  години активен новинар/ репортер/ уредник/ водител во локални и национални медиуми.  Како новинар и дописник следам повеќе области но најмногу работата на локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и јавните институции.  Вработен во ТВ Канал ВИС кој го покрива Југоисточниот плански регион на позиција новинар, уредник и водител. Паралелно сум дописник од Југоистокот на ТВ 24, но и на дигиталната редакција Сакам да кажам (www.sdk.mk). Соработник на повеќе проекти грантирани од домашни и меѓународни фондации и институти. Активно вклучен и во граѓанскиот сектор. Претседател на Здружението за граѓанско општество и медиумска писменост „Медија Инфонет“ Струмица кој го има основано информативниот портал www.drnka.mk за професионално новинарство. Се сметам за комуникативен со организациони способности и подготвен за тимска работа. Член сум на ЗНМ и ССНМ.

ВЕСНА ГОЦЕВА МИХАЈЛОВСКА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Доктор на правни науки од областа на административното право,  Насока - Административно право и јавна администрација, Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
- Магистер по право, Насока - Административно право и јавна администрација, Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј,, Скопје
- Дипломиран правник, Насока - Управно право, Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје

Работно искуство:

Ноември 2021 година - 
Позиција: Лидер на Компонента 1 - Клучен експерт за политика за регионален развој и регионално планирање, Проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ - Фаза II од проектот, имплементиран и кофинансиран од Министерство за локална самоуправа - Р. Северна Македонија и кофинансиран од Швајцарска амбасада/SDC. Главни работни задачи:  Одговорна за успешна координација на процесот на спроведување на сите предвидени активности во рамките на Компонента 1 (Мерките од Компонента 1 имаат за цел значително да ја унапредат транспарентната распределба на националните средства според нивото на развој на планските региони со ставање акцент на подобрената координација на планирањето, спроведувањето, следењето и евалуацијата на политиките за рамномерен регионален развој.)

Декември 2018 – септември 2021
Позиција: Координатор на Компонента на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “- Фаза I од Проектот имплементиран и кофинансиран од Министерство за локална самоуправа - Р. Северна Македонија и кофинансиран од Швајцарска амбасада/СДЦ. Главни работни задачи:  Следење и имплементација на проектните активности. 

Февруари 2009 до 2019
Позиција: помлад соработник, Министерство за локална самоуправа - Биро за регионален развој, Сектор за спроведување на политиката за регионален развој, Одделение за имплементација на проекти и следење на користењето на средствата за регионален развој. Главни работни задачи: Координатор за следење на имплементација на регионални проекти; правни работи и други работни задачи.

ВЕСНА ЈОВАНОСКА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Дипломиран менаџер по туризам

Универзитет „Св. Климент Охридски“ -  Битола
Факултет за туризам и угостителство Охрид 

Работно искуство:

2013 година – денес
Општина Охрид
Сектор за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура Одделение за култура

2011 година  - 2013 година 
Агенција за вработување на РМ

 

ВЛАДИМИР ВЕЛИЧКОВСКИ

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Дипломиран економист -  Менаџмент, Југозападен Универзитет Неофит Рилски во Благоевград, Бугарија
- Сертификати: Англиски јазик V степен, Office 365, Имплементација на ЛЕАДЕР пристап и управување со ЛАГ, Регионално рурално владеење, Маркетинг ПР и тактики за брендови, Дизајнирање и спроведување на групни настани

Работно искуство:

По завршување на студиите започнува со работа од 2006 година, каде во наредните неколку години работи на оперативни и менаџерски позиции во компании од различни сектори, во земјата и странство (Македонија, САД, Бугарија). Повеќе од 10 години вработен во Центарот за развој на Пелагонискиот регион во Битола каде успешно работи на подготовка, следење и спроведување на проекти од различни донатори. Во рамки на своето работење, директно е вклучен во организација и спроведување на  работилници, обуки, конференции, семинари и други групни настани, како организатор но и како обучувач, предавач, модератор и сл. Поседува повеќе сертификати меѓу кои и “Сертификат за форумски модератор” од ЗЕЛС и “Сертификат за модераторство – како ефективен пристап кон дизајнирање и спроведување на групни настани” од ГИЗ Германско друштво за соработка.

ДАНИЕЛ ТРЕНЧОВ

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Даниел Тренчов магистрирал на Лондонската школа за економски и политички науки во Лондон, Велика Британија и се стекнал со титула магистер по меѓународна стратегија и дипломатија. Исто така, тој е магистер по менаџмент на човечки ресурси како и дипломиран професор по француски јазик и книжевност.

Работно искуство:

Тековно вработен во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Даниел Тренчов е обучувач за заштита на класифицирани информации.  Неговото професионално портфолио вклучува и ангажман како дипломатски претставник како и хонорарен професор по француски јазик. Тој е сертифициран обучувач на Државната изборна комисија и одржал бројни обуки за членовите на изборните органи. Воедно, тој има модерирано голем број конференции и работилници на национално и на меѓународно ниво. Има дизајнирано и имплементирано неколку проекти од областа на безбедност на информации.

ДРАГИЦА ГОРГИЕВСКА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Дипломиран Правник – Правен факултет Јустинијан Први Правосуден испит

Работно искуство:

2002 – 2005 – Општина Чешиново – Правник во општината

2005 – 2022 – Општина Чешиново-Облешево – Советник за нормативно – правни работи

2022 – Општина Чешиново-Облешево – Раководител на одделение за нормативно-правни работи и јавни дејности

 

ЕЛЕНА ЦВЕТКОВСКА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Магистер по Дипломатија и меѓународна политика на Универзитетот на Југоисточна Европа во 2009 година. Поседува две дипломи за високо образование. Едната диплома е Факултетот за Јавна Администрација и Политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа и втората на Јонкопинг Универзитет за комуникација и едукација – Лидерство и младинска работа. Дополнително завршени две политички академии за Политички Менаџмент и дипломатија во Фондацијата Конрад Аденаер и Фондацијата Фридрих Еберт.

Работно искуство:

Работно искуство од 16 години во креирање и имплементација на проекти. Имплементирани успешни 32 проекти. Меѓу порелевантните, стекнато работно искуство во Меѓународната фондација РИКО (Регионална Канцеларија за младинска соработка) со управување и спроведување на проекти низ Западен Балкан, управување со Еразмус+ проекти, мониторинг искуство со ОДИХР/ОПСЕ, искуство во имплементација на ИПА проекти во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија релевантно професионално искуство во граѓански сектор. Во целокупното искуство има спроведено околу 150 работилници за зајакнување на капацитети на млади луѓе, државни институции и граѓански организации и 170 јавни настани.

ИГОР ТАСЕВСКИ

Датум на сертификација:
08 октомври 2013

Образование:

- Магистер по културологија (во книжевноста) (2012-05-23) Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Институт за македонска литература
- Професор по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик (1995-06-28) Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, - Филолошки факултет – Скопје

Работно искуство:

1996-2018  - НИП „Врв“ – Прилеп
2018- денес  - Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

Модератор во рамки на програмата Форуми во заедницата  2006 – 2014 година
Проектен форум: Дебар, Чаир, Кочани, Карпош и Кривогаштани
Меѓуопштински форум: Могила и Новаци; Струга и Дебарца
Буџетски форум: Гостивар, Берово, Македонски Брод, Новаци, Радовиш, Кривогаштани, Могила.
Еден од авторите на Прирачникот за Форуми во Македонија „Прирачник - Форуми во заедницата во 11 чекори“ -  2010 година, Издавач – ЗЕЛС – Скопје

Модератор во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка
Проектен форум: Крушево, Чашка – 2020; Велес, Кавадарци, Могила – 2019;

Модератор во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ зад кој стојат Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ)

Модератор во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање политики и буџетски иницијатици, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ 

Модератор во Крушево 2021

Модератор во самостоен Буџетски форум: Општина Новаци 2022

Модераторот во рамкте на проектот „Зајакнување на националните и локалните системи  за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците“ како имплементатор е УНДП, а финансиски е подржан од Европската Унија.
Проектен форум: Штип 2022; Проектен форум: Вардарски регион – 2019, 2020 и 2022, Полошки регион 2020

ИЛИР ИДРИЗИ

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Магистар на Политички Науки од Областа на Надворешна Политика и Дипломатија, ФОН Универзитет (2019)
- Дипломиран Политиколог, Правен Факултет во Скопје „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (2007)

Работно искуство:

Актуелно – Раководител на Центарот за Кариера и претприемништво при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Советник за Меѓународни односи – Одговорен за активностите на центарот, обезбедување на услуги ориентирани кон кариерен развој за студентите, обезбедување на подддршка за млади претприемачи и развивање на соработка со домашни и меѓународни институции и компании.

2014-2018 – Извршен Директор на Фондација Албиз - одговорен за целокупното управување со фондацијата: планирање, програмирање, извршување, управување со работните процеси и менаџирање на пројекти.Тим лидер во спроведување на програмата за општествена одговорност на бизнис заедницата преку директни инвестиции во заедницата. Работа со различни општествени категории и креирање на пројекти за нивен развој.

2008-2014- Даути Комерц – Главен и одговорен менаџер на малопродажба

2007-2008 – СКСЗМ – Менаџирање на проекти и односи со јавноста

ЈАСМИНА МАТЕВСКА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Постдипломски студии Менаџмент на Економски факултет при УКЛО
- Дипломиран инжинер – Биотехнички науки
- Овластен судски преведувач за Англиски јазик
- Сертификат за децентрализација и граѓанско учество од Академијата во Хаг за локално владеење и граѓанско учество.

Работно искуство:

Координатор на одделение за импелементација на проекти при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Изработка и имплементација на проекти; Менаџирање на проекти; Проектни и финансики извештаи; Организација и спроведување на тренинзи, обуки и едукативни настани; Стратешко планирање.

10 годишно работно искуство со  различни проекти финансирани од: ИПА проргама за прекугранична соработка, УНДП, Регионот Долна Нормандија, Јапонска Амбасада, УСАИД, ГИЗ РЕД како и од домашни фондови на линиски министерства и програми.

Учество во развивање и подготовка на повеќе локални и регионални стратешки документи и публикации: Програма за развој на Пелагониски плански регион 2015-2019, Програма за развој на Пелагониски плански регион 2021-2026,  Каталог со цркви и манастири на Баба планина (француско издание), едукативни лифлети за подигнување на свеста кај населението во Пелагонискиот плански регион; Изработка на промотивна туристичка брошура за Пелагонискиот регион.

Дел од оперативна група за имплементација на 5 изминати сесии на регионални форуми во заедницата во Пелагонискиот регион.

ЛИЛЈАНА ЈОНОСКИ

Датум на сертификација:
06 декември 2022

Образование:

- М-р по правни науки, отсек Бизнис право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, со просек 10.00, додека пак факултетското образование го завршив во Битола на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Факултет за администрација и информациски менаџмент со просек 9.67 како првенец на генерацијата

Работно искуство:

15 години активна во граѓанскиот сектор, а последните 7 години како извршна директорка на граѓанска организација која што успешно делува веќе 10 години во секторот земјоделство и рурален развој. Консултант, експерт, обучувач во областите на креирање на стратешки документи за локален економски развој и одржливост, унапредување на родовата еднаквост во локалната заедница, социјална и економска инклузија на ранливите категории на граѓани, рамномерен регионален развој

МАЈА ПЕТРОВСКА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Прв Приватен Универзитет Фон, Скопје, Р.Македонија. Магистер по Европска и меѓународна политика и дипломатија
- Универзитет за Национално и Светско Стопанство, Софија, Р. Бугарија. Меѓународни односи

Работно искуство:

Работнот искуство го започнувам како дел од програмата за практиканти на Собранитео на Република Македонија, во период 2005- 2006 година. Во период од јуни 2006 до ноември 2008 година бев дел од тимот на Прокредит Банка АД Скопје, на позиција Советник за клиенти. Како сертифициран тренер/обучувач од 2009-2014 година своите работни компетенции ги усовршувам во невладинот сектор во едулација на млади во делот на мултикултурализам и интеркултурализам. Моето работно искуство во Центар за развој на Североисточен плански регион, Куманово во период од 2015-2018 година, ме исправи пред предизвикот да бидам и менаџер/координатор на многу проекти  кои се од интерес и бенефит за мојата општина. Од 2018 година сум Советник за меѓународна соработка во Општина Куманово. Како Советник за меѓународна соработка воспоставувам и учествувам во одржување и развивање на соработка на Општината Куманово со општини во други земји, со странски донатори, организации и со кредитори. Активно учествувам во подготовка на проекти и нивна имплементација како менаџер на проекти. Во период од 2019-2020 година бев координатор на проектот „Зајакнување на општинските совети“-финансиран од SDC, a имплементиран од УНДП, каде како координатор партиципирав во успешна реализација на првиот форум на заедници во Општина Куманово.

НАТАША КОЗАРОВА

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Магистар по односи со јавност -Принципи и техники на општествено мислење и Управување со човечки ресурси - Југозападен Универзитет Неофит Рилски во Благоевград, Бугарија
- Дипломирана Односи со јавност, Основи на односи со јавноста Реторика, Државна и Локална власт, Управување со медиумите, Информатика - Југозападен Универзитет Неофит Рилски во Благоевград, Бугарија

Работно искуство:

Од 2010 година вработена во Центар за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола каде успешно работи на подготвка на нацрт финансиски планови, годишни сметки и други општи и поединечни акти од негова надлежност; Подготовка на анализа на планираните активности, приходи и расходи; Финансиско планирање, изготвување квартални извештаи и Годишени извештаии на Центарот; Проверка на влезно-излезните фактури, плаќања по фактури и договори; Вршење на евиденција на основни средства, наем за наплата на побарувања;

Поднесување на годишна даночна пријава, годишна сметка; Пресметка на платите и надоместоците и нивната евиденција, подготвка на документи за регулирање на работен стаж;

Подготовка на годишен план за набавки и многу други обврски во врска со правно административните норми за тековно работење; подготовка, следење и спроведување на проекти од различни донатори. Во рамки на своето работење, директно вклучена во организација и спроведување на работилници, обуки, конференциии, семинари и други групни настани, како организатор но и како обучувач, предавач, модератор и сл. Претходно работно искуство од 2005-2010 во невладин сектор- Биосфера центар за едукација, заштита на животната средина и природа; за ЕСМ / ЕВН Центар за Институционален развој-ЦИРа Едукација на децата од III – IV одд.на часот по ЗПО За нашата планета треба сите да се грижиме” и приватен бизнис сектор. Поседува повеќе сертификати/уверениа/потврди.

НОВИЦА КОСТОЈЧИНОСКИ

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Магистер по Сметководство, финансии и ревизија Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола Економски факултет - Прилеп

Работно искуство:

20.05.2010 година - денес, Општина Вевчани, Раководител на Одделени за финансиски прашања

ПРАНВЕРА ИМЕРИ

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

- Дипломиран политиколог во Универзитетот на Југоисточна Европа, магистер по право смер Меѓународни односи и дипломатија, има завршено следни програми: Дипломатска Академија при Министерство за Надворешни работи, Програма за протокол, дипломатија и Економска дипломатија при ЕNA Ecole nationale d’Administration во соработка со МНР, специјализација за Европска интеграција при Американскиот Универзитет Косово (AUK), еднагодишна програма за програмата "Leadership and Community Youth Work", Школа за млади лидери организирана од Претседателот на држaвата

Работно искуство:

- Волoнтирање во канцеларијата на Претседателот во Тетово (мај 2012- октомври 2014)
- Практична работа, Собранието на Република Северна Македонија, (мај 2012)
- Научниот Институтот Max van der Stoel при Универзитетот на Југоисточна Европа (март- август 2014)
- Комодератор на Форми во Заедниците при МЦМС и SDC (мај - декември 2012)
- Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија, full time (номеври 2014 –present)
- Предавач на Факултетот за современи и општествени науки при Универзитето на Југоиусточна Европа, part –time (март 2022 - present)

РУБИН НИКОЛОСКИ

Датум на сертификација:
Прва сертификација 2015
Ресертификација 2022

Образование:

- Факултет за туризам и угостителство Охрид
- Програма за меѓународни посетители- лидери на Стејт Департмент

Работно искуство:

Повеќе од 12 години работа во делокругот на локалниот и регионалниот развој: Центар за развој на Пелагониски плански регион, Регионална развојна Агенција на Пелагонија ПРЕДА Фондација.

Повеќе од 15 години искуство во развој и имплементација на проекти финансирани од домашни и странски донатори: ЕУ, Американска Амабсада, УНДП, ГИЗ/ГТЗ, Швајцарска Агенција за соработка и развој, Регионален Совет за соработка, Постојана работна група на Југоисточна Европа.

Повеќе од 5 години работно искуство во приватен сектор и како независен консултант.

САРА ОСМАНИ

Датум на сертификација:
2014

Образование:

- Дипломиран психолог - Унив. Св. Кирил и Методиј- Скопје, Филозофски факултет, Психологија и Унив. Св. Кирил и Методиј, (1999) 

- Магистер по менаџмент на човечки ресурси - Институт за социолошко, политички и правни истражувања, Скопје, Менаџмент на човечки ресурси  (2017)

Работно искуство:

22 години искуство во работа со проекти (8 долгорочни проекти и над 10 краткорочни проекти).

Искуство во раководење на проектни активности и мониторинг и евалуација. Модератор, обучувач, фацилитатор на активности и обуки на ниво на општина, НВО, училишта и со млади. 

Фацилитатор на обуката на модератори во 2022 година.

САША МАКСИМОВСКИ

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

Универзитет “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – Скопје, ЕКОНОМСКИ  ИНСТИТУТ – Скопје
- ДОКТОР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ  - 2015
- МАГИСТЕР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ - 2007

Универзитет “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – Скопје
- Електротехнички факултет – Скопје (ЕТФ)
- Дипломиран електротехнички инженер - 1995 

Работно искуство:

Работни позиции поврзани со локален економски развој:

Општина Ѓорче Петров (2018-2021) - Раководител на сектор за оддржлив развој

Општина Чаир (2010-2018) - Советник за локален економски развој и ЈПП

Општина Пробиштип (2007-2010) - Раководител на одделение за ЛЕР и меѓународна соработка

Фонд за магистрални и регионални патишта (2003-2006) - Проектен менаџер 

СОУ Наум Наумовски Борче – Пробиштип (1995-2000) - Професор

Хабитат Македонија (2017/2018) - Консултант 

Swiss contact  - Project “Increasing Market Employability – IME” , 

Центар МакЛидер (2017/2018) - Консултант

МАЦЕФ (2013/2016/2017) - Консултант 

USAID – MLGA (2009/2010) - Консултант 

GIZ – REDEM (2007/2008) - Консултант 

ВЕРИФИКАТОР (2012/2016/2023) - Програмата "Сертифицирање на општините за поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа" (BFC SEE)

НАСТАВНИК СО ЗВАЊЕ - Доцент во повеќе наставно-научни области од економските науки, Економика на инвестиции (50305) и Економски развој (50324) согласно Закон за високото образование и според меѓународната Фраскатиева класификација на научно-истражувачки подрачја, полиња и области врз основа на Одлука бр.08-406/3 од 20.11.2015 од Наставно научниот Совет на Меѓународен универзитет, Факултетот за Економски Науки.

ФЕЏРИ СЕЛАМИ

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:
- Дипломски студии: Факултет за Јавна Администрација- ЈИЕ Универзитет Тетово
- Постдипломските студии - Дипломатијата и Меѓународните Односи – ЈИЕ Универзитет Тетово, додека магистерскиот труд на тема „Предизвиците на Енергетската Дипломатија на Балканот, со посебен фокус на Република Северна Македонија„.

Работно искуство:
Феџри работи во ЗИП Институт како Програм Мeнаџер, додека во неговата биографија има извршено и неколкуполитички функции како што се Извршен Директор – Државен Инсшеткорат за Труд како и Шеф на Кабинет на Градоначалник – Општина Сарај

ФИЛИП ДИМИТРОВСКИ

Датум на сертификација:
Декември 2022

Образование:

Дипломиран економист  од областа меѓународна економија и бизнис  ЕКТС 246
- Универзитет „СВ. Климент Охридски’’ – Битола
- Економски факултет Прилеп

Работно искуство:

Координатор за мониторинг и евалуација на проектот: „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој’’ – 2 фаза на спроведување - имплементатор Министерсто за локална самоуправа, финансиран од Швајцарска агенција за развој ноември 2021 – Опис на задачи: подготвување на извештаи за М&E активности на компонентите, како и за целокупното влијание на проектот; координирање, собирање, составување и анализа на податоци; теренски мониториг и пишување извештаи за следење; координација на проектниот тим при подготовката на годишни планови; градење капацитети на проектниот тим за мониторинг и евалуација

Асистент за успешно функционирање на СИРЕРА Систем - проект: „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 1 фаза на спроведување –- имплементатор Министерсто за локална самоуправа, финансиран од Швајцарска агенција за развој јули 2021 – ноември 2021. Опис на задачи: организирање на состаноци со ресорните министерства за активности на Системот; полнење на Системот со податоци од релевантни институции; соработка со проектниот тим за функционирање на Системот; асистирање при подготовка на извештаи, предложени активности и план за работа; поддршка на членовите на тимот со секојдневни работни активности  

Кабинетски службеник во сектор за финансиски прашања – Министерство за локална самоуправа – февруари 2020 – јуни 2021. Опис на задачи: подготовка на финансиски извештаи; финансиски мониторинг на проекти; координација и планирање на активности за постигнување резултати согласно предвидените рокови; подготовка на барања за плаќање до национален трезор; активности за организирање на состаноци и настани за потребите на Министерството за локална самоуправа  

Организатор на рецепциско работење – „Хотел Епинал СПА&Казино“ – Битола – декември 2016 – февруари 2020. Опис на задачи: надзор на рецепциското работење; одговорно лице за продажба на хотелски услуги; ефикасно и ефективно обезбедувањена услуги со цел да се зголеми профитот; одговорно лице за комуникација и организирање на настани 

Асистент за сметковотствено работење – „СИМ Холдинг“ – Битола -  јануари 2015 – јули 2015. Опис на задачи: организирање на буџетска документација; пополнување на финансиски извештаи за информирање на засегнатите страни; aжурирање и редовна евиденција на сметки

 ШЕНАСИ МЕМИШИ

Датум на сертификација: 
Декември 2022

Образование:
- Дипломиран по Бизнис и администрација-насока Финансии, ЈИЕ-Универзитет Тетово (2007 год.)
- Магистер по Економски науки-Менаџмент, ЈИЕ-Универзитет Тетово (2019 год.)

Работно искуство:
- Влада на РСМ - Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците (2009-2012 год.),
- Влада на РСМ - Секретаријат за Европски прашања (2011-2013 год.),
- Општина Тетово 2013 - Раководител на буџетска контрола и Јавни Набавки,
Член на извршен Одбор на КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (2022 год.)
Ангажиран како советник во: 
- Фонд за пензиско и инвалидско осигурување
- Дом на Култура ИЉО АНТЕСКИ СМОК-Тетово
- Национална Радио Дифузија –Скопје
- Агенција за Акредитација на Здраствени Установи
- Клиничка Болница - Тетово
Лиценца за Овластено лице за јавни набавки од 2016-
Овластен сметководител

 

ФОРУМСКИ МОДЕРАТОРИ СЕРТИФИЦИРАНИ ДО 2015 ГОДИНА