ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
 
31 август 2010
ЗЕЛС и ЕВН Македонија ќе разговараат за отворените прашања на општините со Потпретседателот на Владата на Р.М. за економски прашања г.Пешевски. Состанокот ќе се одржи на 1 септември во Владата на Република Македонија а ќе се разговара за можноситите за откажувањето на каматите по основ долговите на општините кон ЕВН. На состанокот ќе се разговара за можностите ваква поддршка да дадат МЕПСО и ЕЛЕМ кои имаат свои побарувања кон ЕВН. По упатените барања од страна на ЗЕЛС, неодамна ЕВН Македонија одговори со допис со кој се согласи на дел од истакнатите барањата на ЗЕЛС а особено утврдувањето на бескаматен период до 30-ти во месецот за кој нема да се наплатуваат камати за задоцнето плаќање. Дописот на ЕВН до ЗЕЛС и останатите документи по кои ќе се разговара на состанокот ќе можете да ги симнете доколку кликнете на повеќе.
30 август 2010
Со цел што поефективно имплементирање на законските решенија во рамките на работењето на единиците на локалната самоуправа и надлежните институции, Министерството за транспорт и врски во соработка со ЗЕЛС на 26 – 27 август 2010, во хотелот Дрим во Струга организираше стручно советување за четири закони и тоа: Закон за градежно земјиште, Закон за третман на бесправно изградени градби, Закон за домување и Закон за градење. На советувањето учествуваа претставници од ресорните министерства, претставници од локалната самоуправа кои ги покриваат активностите поврзани со урбанизмот, градоначалници, претставници од бизнис заедницата, претставници од стопанските комори и други заинтересирани страни.
26 август 2010
На 26 и 27 август 2010 , во хотел Дрим во Струга ќе се одржи стручно советување посветено на "Законот за градежно земјиште , Законот за градење , Законот за третман на бесправно изградени градби и Законот за домување " организирано од Министерството за транспорт и врски во соработка со ЗЕЛС.
16 август 2010
За потребите на програмата „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“, канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации објавува грант шема за меѓуопштинска соработка „Техничка помош за иновации“ (ТПИ). Програмата има за цел да придонесе за развојот на меѓуопштинската соработка (МОС) во земјата како поддршка на една од главните цели на децентрализацијата, а тоа е ефикасна испорака на лесно достапни и квалитетни јавни услуги за граѓаните и да ги обезбеди неопходните институционални и професионални капацитети. Програмата настојува да воспостави ефективен систем што ќе ја поддржи меѓуопштинската соработка, а што ќе биде усвоен и проширен од страна на Владата преку сопствени политики и ресурси. УНДП, во соработка со Министерството за локална самоуправа на РМ, ја спроведува грант шемата за техничка помош за меѓуопштинска соработка, со цел да даде поддршка главно на малите и рурални општини, но и на останати општини кои имаат специфични развојни потреби. Грант шемата за меѓуопштинска соработка ќе даде поддршка на општините во воспоставувањето и функционирањето на меѓуопштинската соработка во следниве области:
3 август 2010
Активностите на ЗЕЛС не стивнуваа и во текот на летните месеци. На осми јули, со промоцијата на Вардарскиот регион и општините во него, заврши манифестацијата ,,Промотивни денови на регионите”, под мотото -Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина”. И овој пат, голем број граѓани ги посетија штандовите поставени на скопскиот плоштад и се запознаа со стопанскиот, туристичкиот, културниот потенцијал на овој регион и планираните или реализираните проекти. Дел од промоцијата проследија и делегатите на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската унија, што учествуваа на четвртиот состанок на ова тело, што се одржа во Скопје, во организација на ЗЕЛС. Претставниците од Комитетот на региони на ЕУ истакнаа оптимизам дека развивањето на процесот на децентрализацијата во нашата земја се одвива во вистинка насока, што беше посочено и во извештајот на ова тело. Беше истакнато дека Комитетот на региони дава целосна поддршка на процесот на проширување на Европската унија и дека преку различни форми, меѓу кои и преку активностите на КЗЗ сака да и помогне на нашата земја во овие нејзини напори. Исто така на состанокот беше истакнато дека отворањето на канцеларија на локалните власти во Брисел е мудра одлука и добра инвестиција, која значи директно лобирање во ЕУ, како и вмрежување со канцелариите од други земји.
29 јули 2010
На ден 28.07.2010 во просториите на ЗЕЛС се одржа состанок на Комисијата за урбанизам и просторно планирање при ЗЕЛС на кој беа поканети и присуствуваа голем број на заинтересирани општини, претставници на USAID и MLGA. Во прилог ви ги доставуваме сублимираните предлози истакнати на вчерашниот состанок.
28 јули 2010
Шестата годишна меѓународна Конференција за јавно приватно партнерство ќе се одржи во Виена на 21 и 22 октомври, 2010 година. Конференција ќе обезбеди платформа за дискусија за натомошниот развој на ЈПП посочувајќи модели и практики кои што функционираат. Настанот ќе биде и одлична можност за поврзување со индустријата, како и за создавање меѓу-индустриски контакти.
21 јули 2010
Претседателот и потпретседателите на Управниот Одбор на ЗЕЛС со неколку членови на АД – Хок комисијата за надминување на отворените прашања на општините , како претставници на ЗЕЛС, остварија средба со претседателот на Управниот одбор на ЕВН и со членовите на Ад – Хок комисијата од страната на ЕВН. Средбата се одржа на 21 јули а како главни прашања се поставија тековните проблеми на општините, поврзани со ЕВН, но и систематизираните проблеми кои произлегуваат од досегашните состаноци на Ад- Хок комисијата. Беше разгледана можноста за утврдување право на општините да се приклучат кон постапките за наплата на ненаплатената комунална такса по судски пат (утврдување на постапка за размена и усогласување на податоците по броила) а беше усогласена и иницирана координација помеѓу ЗЕЛС, ЕВН Македонија, ЕЛЕМ и МЕПСО во однос на третманот на каматите за заостанатите долгови на општините; ЕВН даде уверување дека ќе ги провери наодите за доцнење со префрлањето на прибраниот износ на комунална такса на општините, дека за тековниот месец за кој не се пренесени овие средствата, нема да утврдува камати кон општините, а дека ќе предложи и правен механизам за заедничка наплата на долговите по основ на комунална такса. За останатите отворени прашања ЕВН до ЗЕЛС ќе достави писмен одговор кој ЗЕЛС ќе го дистрибуира до сите општини веднаш по неговиот прием. Кликнете на ПОВЕЌЕ за да ги симнете материјалите по кои се дискутираше на овој состанок
20 јули 2010
На 26 јули, 2010 г., понеделник во КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ во Скопје со почеток во 12 ч. ќе се одржи јавната расправа по ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ. Станува збор за многу важен закон за целокупниот процес на децентрализација во Република Македонија.Јавната расправа ја организира Министерството за транспорт и врски на Р.М. на која се поканети претставниците на сите општини – членки на ЗЕЛС. Текстот на ПРЕДЛОГ – ЗАКОНОТ можете да го симнете доколку кликнете на ПОВЕЌЕ.
20 јули 2010
ЗЕЛС обезбеди видео запис од советувањето на кој експертите дадоа посебен вовед во примената на Законот. Целта е преку овој ВИДЕО – ПРИРАЧНИК да и се олесни практичната реализиација и примената на законските одредби на општинската администрација. Материјалот може да се нарача со пополнување на “Потврдата за порачка на ЦД со видео запис од советувањето на Законот за домување” (кликнете на ПОВЕЌЕ за да го пополните образецот) кој заверен со потпис и печат потребно е да се испрати по факс на бр.: 02/ 3061 994 или по електронски пат на следната адреса: contact@zels.org.mk.

Погледнете во нашата архива на вести

Преземени вести
Груевски: Исправен концепт кој дава резултати
(03.09.2010)
Исправен концепт кој дава резултати преку отчетност, работа, посветеност и одговорност. Вака премиерот Никола Груевски го оцени четиригодишното работење на Владата што ја предводи, во денешниот отчет за сработеното.
 
Нерасчистени должничко-доверителски односи мотив за тројното убиство
(03.09.2010)
Мотив за вчерашното тројно убиство во рибниот ресторан „Биг фиш“ кај ТЦ „Три бисери“ во скопската населба Аеродром се нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу убиецот и Јордан Јорданов (37), еден од убиените, соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
 
Во Њујорк можна средба Груевски-Папандреу
(03.09.2010)
Не е исклучена средба меѓу премиерите на Грција и на Македонија, Јоргос Папандреу и Никола Груевски, на маргините на Генералното собрание на ОН ако двајцата бидат во Њујорк во исто време и ако дозволува нивната агенда, најави портпаролот на грчкото МНР Григори Делавекурас.
 
Осум жртви во пожарите во Русија
(03.09.2010)
Осум лица ги загубија животите во пожарите во Русија во кои се уништени 400 домови, јавија руските медиуми. Хоспитализирани се 14 луѓе, а петмина се исчезнати. Пожарите уништија над 500 објекти во Волгоградската и Саратовската област меѓу кои 400 куќи во најмалку 20 села.
 
Распределени 60 станови за млади брачни двојки и самохрани родоители
(03.09.2010)
Министерството за транспорт и врски денеска по електронски пат распредели 60 станови за млади брачни двојки и за самохрани родители, лоцирани во населбата Лисиче во скопската општина Аеродором.
 
Меѓународна изложба „Заедно во Скопје“
(03.09.2010)
Во организација на Културно информативниот центар-Скопје и Арт Фактор вечерва ќе биде отворена меѓународната изложба „Заедно во Скопје“, на која ќе бидат изложени околу дваесет дела изработени во повеќе ликовни техники.
 
Реакција на министерката Јануколоска на тврдењата на СДСМ
(03.09.2010)
 
Реакција на МВР на изјавата на Андреј Петров
(03.09.2010)
 
Груевски: Сакаме компромис за името, но без штета по државните и националните интереси
(03.09.2010)
 
Реакција на Министерството за транспорт и врски на тврдењата на СДСМ
(03.09.2010)
 
Груевски: Има капацитет за спроведување на ветените проекти
(03.09.2010)
 
Во Куманово презентиран Локален акционен план за унапредување на лицата со посебни потреби
(03.09.2010)
 
Триесет хектари шума изгореа во пожар во општина Липково
(03.09.2010)
 
Хондурас ја призна независноста на Косово
(03.09.2010)
 
Во пораст бројот на заболени од сифилис во Хрватска
(03.09.2010)
 
Хрватска нема да ја менува политиката кон Косово ни во рамките на ОН
(03.09.2010)
 
Србија очекува да добие статус на држава кандидат за членство во ЕУ до март 2011 година
(03.09.2010)
 
САД побараа дозвола од Турција за транспорт на воена техника од Ирак преку нејзината тертиторија
(03.09.2010)
 
Расте албанскиот трговски дефицит
(03.09.2010)
 
Хисени: Резолуцијата на Србија е деструктивна и воинствена
(03.09.2010)
 
Ахмадинеџад ги повика Палестинците да продолжат со вооружената борба против Израел
(03.09.2010)
 
Израелски војник обвинет за кражба на опрема од бродот „Мави Мармара“
(03.09.2010)
 
Нафтата поевтина во очекување на извештајот за невработеност во САД
(03.09.2010)
 
Најмалку 22 жртви во напад врз шиитски верници во Пакистан
(03.09.2010)
 
Висококатниците во Њујорк ги гасат светлата за да ја помогнат миграцијата на птици
(03.09.2010)
 
Во САД пролонгирани смртните пресуди поради недостиг на тиопентал
(03.09.2010)
 
Отворен аеродромот во Мајами
(03.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.