ОГЛАС за пријавување кандидати за почетна обука и полагање испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост согласно член 108 од Законот за градежно земјиште

Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит за стекнување со овласување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост објавува:

ОГЛАС

за пријавување кандидати за почетна обука и полагање испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост согласно член 108 од Законот за градежно земјиште

Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука   и   спроведување   на   испит   објавува   ОГЛАС   за   пријавување кандидати за почетна обука и полагање испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

1. За пријавување учество на почетна обука, кандидатите треба да ја поднесат следната документација:

- Пријава  за  учество  на  почетна  обука  и  полагање на  испит за стекнување  со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со задолжително наведување на е-мail (електронска адреса) на подносителот на пријавата (кандидат/и), и

- Потврда   за   статус   на   административен   службеник од  редот на раководни или стручни административни службеници.

Документацијата се поднесува до: Комисија за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит на e-mail:  contact@zels.org.mk  (се доставуваат скенирани копии од оригинал документи).

Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираност  на  истите по електронски  пат, во рок од три дена  од денот на поднесување на пријавите.

На подносителите на  пријавите  кои  не  доставиле  комплетна  документација, Комисијата  им  доставува Известување со образложение дека не ги исполнуваат  условите за учество на почетна обука и испит.

Почетните обуки ќе се организираат во групи од најмногу 35 кандидати, на 28, 29 и 30 мaрт, 2023г. (вторник, среда и четврток) во просториите на ЗЕЛС/ЗТЦ, и ќе се спроведуваат во зависност од бројот на пријавени кандидати распределни во две групи на ден во термини со почеток од 09.30 часот и од 13 часот.

2. За полагање испит, кандидатите треба да поднесат Потврда за завршена почетна обука за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост, а на денот на испитот со себе да понесат важечка исправа за лична идентификација. 

Испитот за стекнување со овластување се состои од два дела, и тоа: 

- теоретски дел, и 

- практичен пример (судија на случај).

Теоретскиот и практичниот дел ќе се полагаат во група од најмногу 30 лица, во просториите на Испитниот центар на Европски универзитет, Скопје. Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандидатот да го положи теоретскиот дел од испитот. Испитните термини дополнително ќе бидат определени. 

Согласно бројот на кандидати кои го исполнуваат условот за полагање испит, Комисијата ќе формира соодветен број на групи, а секој кандидат  поединечно ќе биде известен за испитниот термин.  

Испитот ќе се полага електронски преку информацискиот систем за полагање испити. 

3. За учество на почетна обука и за полагање испит, се плаќа надомест согласно член 106 од Законот за градежно земјиште. 

Уплатата за почетна обука и испит треба да се изврши пред почеток на обуката, а по доставена фактура од ЗЕЛС. Само кадидатите, за кои навреме се уплатени средства, можат да посетуваат обука и да полагаат испит. 

Пријавите за почетна обука и полагање испит се доставуваат најдоцна 8 (осум) дена по објавување на Огласот во дневен весник.

 

Огласот ќе може да го преземете во .pdf верзија тука.