Мисија на ЗЕЛС

 

ЗЕЛС беше основана во 1972 но беше реконституирана во 1995, кога беше донесен новиот Закон за локалната самоуправа. Во периодот од 1990-1996 кога немаше сеопфатен закон за локална самоуправа, ЗЕЛС беше многу активна во името на општините. Заедницата подготви модел статути за работа на општините и истите ги дистрибуира на своите членови. Исто така обезбеди форум за дебата во однос на овие модели а и учествуваше во изготвувањето на новиот закон за локална самоуправа. Според постоечката регулатива сите општини се задолжително членки.

Според Статутот на ЗЕЛС, генералната мисија на Заедницата е да се подобрат принципите на локалното управување низ следните активности:

     - промовирање и поттикнување на заедничка соработка и разменување на информациите помеѓу членовите;

     - да служи како група за лобирање и да делува како советодавен одбор на централната влада во областа на локалната самоуправа;

     - промовирање на континуирана и конструктивна соработка на локалните самоуправи и централните власти;

     - воспоставување односи со национални и меѓународни асоцијации на локалните власти;

     - организирање на обуки и конференции на своите членови;

     - ЗЕЛС дефинира заеднички политики и приоритети заради остварување на интересите на општините во Република Северна Македонија;

     - користи иновативен приод и предлага воведување на информатичко-комуникациски новитети, напредни општествени методи и пристапни финансиски инструменти и политики во процесот на развој на системот на локалната самоуправа;

     - ЗЕЛС стреми кон намалување на диспаритетот во развојот меѓу општините и кон финансиски независни општини со добри човечки капацитети подготвени да дадат најдобри услуги на граѓаните и да ја унапредат еднаквоста, вклучително и родовата еднаквост.