Политика на приватност

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

www.ZELS.org.mk

 

Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци генерирани на оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата www.zels.org.mk

Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата.

Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана.

Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци. 

Забелешка: долунаведените објави во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница.

Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите. 

ПРИБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ

Веб страницата не прибира лични информации.

Личните податоци доколку се објават на веб странaта www.zels.org.mk  ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат. 

 

COOKIES/ТЕХНОЛОГИЈА НА СЛЕДЕЊЕ

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookies и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies. Потребните колачиња обезбедуваат суштинска функционалност. Веб сајтот не може правилно да функционира без овие колачиња, а нив можете да ги исклучите единствено со промена на поставките на вашиот пребарувач. ЗЕЛС не користи Аналитички ниту маркетинг колачиња.

 

ДАВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ

Само врз основа на закон Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации: 

  • Забрането или побарано со Закон
  • Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција 
  • Истрага на измама која веќе се случила. 
  •  

ОБВРСКА ЗА ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

www.zels.org.mk  не собира лични податоци. Во случај на објава на личен податок од страна на стручни лица во ЗЕЛС ве известуваме дека Вашите лични податоци ќе бидат безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации.

Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.

Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци. 

УПОТРЕБА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ОД СТРАНА НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. www.zels.org.mk  никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот. 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи ги следните информации: Е-пошта: contact@zels.org.mk

На Ваше барање, во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од Вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на Вашите посети на интернет страницата www.zels.org.mk

Субјектите ќе бидат информирани за постоење на правото на пристап и исправка на нивните лични податоци.

ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.