Искуствата од имплементација на Европската Повелба за родова еднаквост на општините од нашата земја и од ЗЕЛС презентирани пред албанските општини

Претставници од повеќе општини од Албанија имаа можност да се запознаат и да учат од добрите практики во унапредувањето на родовата еднаквост на локално ниво и од искуствата за родово одговорно управување што во изминатиот период ги  спроведуваа општините во нашата земја и ЗЕЛС. Поконкретно, на регионалната работилница во Охрид, што се одржа на  16 и 17 март, 2023 година, во организација на канцеларијата на UN Women од Албанија, беа пренесени искуствата на општините Кочани и Струмица, како и активностите што ги презема ЗЕЛС во поддршка на своите членки, особено во делот на имплементирањето на начелата утврдени во Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалната самоуправа.

ЗЕЛС е национален промотор на Европската Повелба за родова еднаквост во општините во нашата земја уште од 2007 година. Овој документ е извор на мерки за постигнување на специфичната цел 1. Промоција на родова перспектива во политиките и буџетите од Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС (2018-2030). Начелата на овој документ ЗЕЛС ги промовира во сите проекти каде треба да се нагласи родовата димензија, но и при реализацијата на конкретни проекти;,,Форуми во заедницата“и “БФЦ-СЕЕ, Општини со поволно деловно опкружување“. ЗЕЛС  формира Лоби група за родова еднаквост, составена од избрани функционери кои се посветени на унапредување на родовата перспектива во нашето општество. Беше нагласено дека се планира организирање на работилница за општинските координатори на која ќе се  разгледува  ажурираната верзија со нови членови и обврски од Европската Повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните самоуправи, утврдена од Комората на локални и регионални власти во 2022 година . Продолжуваат активностите на ЗЕЛС, како национален промотор на Повелбата, за доследна имплементација на нејзините начела во Акциските планови на општината. Забележано е дека општините кои се потписнички на овој документ во нашата земја (вкупно 21 општина), покажуваат и висок степен на свесност и голема посветеност на развивање на политики и програми во областа на родовата еднаквост,  имплементирање на родово буџетирање и обезбедување на родово сензитивни податоци. 

Претставничката од Кочани, Љубинка Ајтовска  говореше за конкретни активности на општината во делот на социјална заштита, спорт, урбанизам, каде се применуваат  начелата на родовата еднаквост. Таа ја нагласи важноста за обезбедување на соодветно информирање и вклучување на целокупната општинска администрација за овие прашања, како и потребата од обезбедување на соодветни финансиски средства за да може граѓаните да почувствуваат и конкретни промени од родов аспект. За важноста на улогата на координаторите за родова еднаквост и на Комисијата за еднакви можности при општината, говореше Ѓорги Танушев, претседател на оваа Комисија во Општина Струмица. Тој презентираше голем број  активности на општината со родов аспект, а особено говореше за активностите за поддршка на женското претприемништво и за заштита на жртви од семејно насилство во Шелтер центарот. Беше најавено дека во фаза на изработка е и нова Стратегијата за унапредување на родова еднаквост на општината