BFC SEE 2023 – ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАДОВИ И ОПШТИНИ

Партнерството за конкуретен регион (CORE) и Германската развојна соработка што ја спроведува ГИЗ, ги повикуваат сите градови и општини, лидери на економски развој да се вклучат во меѓународната BFC SEE програма за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа.

BFC SEE програмата е наменета, пред сé, за градови и општини кои имаат проактивен пристап во развој на своите инвестициски потенцијали и сакаат преку унапредување на деловниот амбиент да создадат подобри услови за привлекување инвестиции и побрз развој на постоечкото стопанство, и на тој начин да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. 

Дел од предностите што BFC SEE програмата ги носи за сертифицираните градови и општини се:

- Имиџ на модерна и агилна локална администрација на услуга на граѓаните и стопанството

- Позиционирање на мапа на најповолни инвестициски дестинации во Југоистоична Европа 

- Препознатливост помеѓу носителите на одлуки во државата, стопанството и меѓународната заедница

- Членство во BFC клуб на лидери на локален развој 

- Можности за учество во развојни проекти, студиски посети и регионални иницијативи

- Размена на знаења со најуспешните градови и општини 

Овој повик е ексклузивно отворен за 50 градови и општини од Југоисточна Европа кои досега не учествувале во BFC SEE програмата и чија визија за развој се базира на автентични локални потенцијали. 

За сите заинтересирани кандидати, ќе организираме инфо-сесија: „Како до меѓународен BFC SEE сертификат“ со цел дополнително да информираме за деталите и условите за учество во програмата.  Пријава за инфо-сесијата се доставува на contact@zels.org.mk и на ivana.serafimova@zels.org.mk (име, презиме, функција, општина).

Повеќе информации за BFC SEE програмата и процесот на сертификација, критериумите од IV-та едиција, како и условите за учество следи во рамки на приложената документација.

 ПРИЛОГ:

Јавен повик 

BFC SEE Инфо-лист

BFC SEE Брошура