Публикуван Годишен извештај на ЗЕЛС за 2022 година

 Публикуван Годишен извештај на ЗЕЛС за 2022 година

ЗЕЛС го публикуваше Годишниот извештај за 2022 година, што претставува еден од начините на обезбедување на поголема транспарентност во работењето на Заедницата. Ова публикација беше издадена на македонски и на албански јазик, а во електронска форма е изработена и на англиски јазик. Годишниот извештај на ЗЕЛС претставува уште една дополнителна алатка преку која ЗЕЛС го прикажува работењето на органите и телата на Заедницата, реализацијата на стратегиските цели, активностите за зајакнување на капацитетите на општинската администрација преку ЗЕЛС тренинг центарот, како и поддршката што ја добиваат општините за спроведувањето на електронските услуги. Прегледно, преку графикони и табели, во публикацијата се прикажани и приходите и расходите на ЗЕЛС за 2022 година, како и заклучокот од Ревизорскиот извештај за 2022 година. Бесплатен примерок од оваа публикација добиваат членовите на Генералното собрание на ЗЕЛС. Годишниот извештајот на ЗЕЛС за 2022 година е поставен на веб-страницата на ЗЕЛС: www.zels.org.mk. 

 

Годишен извештај на ЗЕЛС за 2022 година