Повик за доставување понуди за ангажирање експерт за политики во проектот ГИЗ БФЕ (GIZ BFE)

 

Повик за доставување понуди за ангажирање експерт за политики во проектот ГИЗ БФЕ (GIZ BFE)

 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) го спровeдува проектот „Воспоставување поволна деловна платформа во ЗБ6“, поддржан од ГИЗ.

За реализација на една компонента од проектот е потребно ангажирање експерт за локална политика. Повеќе информации за ангажманот и за проектот може да најдете во приложените Услови за работа.  

За аплицирање на Повикот , потребно е да се поднесе:

- Понуда во евра (бруто дневен надомест + вкупен износ на договорот)

- Биографија (CV)

- Регистрацијата од регистарот на претпријатија во случај да се наддава правно лице.

 

Рок за доставување на Понудата е 3 јули, 2023г. (понеделник) до 16.30 часот, на е-пошта: contact@zels.org.mk .

Понудите доставени по овој рок нема да се разгледуваат.