Усвоени предлог- Уредбите за блок-дотации за основно и средно образование за општините за 2024 година

 

 

На 26 октомври, 2023 година во ЗЕЛС се одржа 50-та седница на Комисија за следење на развојот на системот за финансирање на општините. Присутните членови на ова тело по усвојување на дневниот ред и записникот од последната 49-та седница продолжија со расправа за предлог-Уредбата за Методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок-дотации за основното образование по општини за 2024 година, како и предлог-Уредбата за Методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок-дотации за средно образование по општини за 2024 година. Во методологијата за распределба на средства за основно образование по општини за 2024 година се користи истата формула од претходната година, односно БДОо = О + ПУо х С или во блок дотацијата се пресметува како збир на основна сума по општина и збирот на пондерирани ученици по општина помножено  по износ од ученик.

Согласно методологијата доколку општината не ги искористи префрлените средства за оваа намена до крајот на годината ги враќа, за што повторно реагираа членовите на комисијата кои сметаат дека треба да се коригира ова со можност за менаџирање на средствата во рамките на мрежата во основно образование на ниво на училишта во општината со што би се влијаело на задржување на наставниот кадар во рамките на мрежата и искористување на доделените средства за оваа намена. Бидејќи како што кажаа присутните градоначалници се зголемува трендот на одлив на наставен кадар по одредени предмети или недоволен број на часови поради малиот број на ученици во одредени училишта, па затоа и предлогот за осамостојување на општините и рационализација при менаџирање на овие средства во рамките на мрежата. Се дискутираше и за гломазната процедура за барање на согласност за вработување од ресорното министерство и другите вклучени министерства, што укажува дека ова е само формално децентрализирана надлежност на општините, а не целосна. Понатаму, се дискутираше и за усогласување на цена за превоз на ученици по општините на национално ниво.                                                                                                                                                             

  Во третата точка, согласно дневниот ред се потврди дека и блок дотацијата за средни образование по општини за 2024 година има иста Методологија како и минатата година .Со Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средно образование согласно критериумите за распределба на средства, додека висината на основната сума и стандардот по ученик се определува во зависност на одобрените средства за оваа намена во Буџетот и бројот на запишани ученици во учебната година.

По усвојувањето на двете уредби, на крајот од состанокот беше презентиран и Годишниот извештај за приходите и расходите на општините за 2022 година од страна професор д-р Марина Трпевска од Економскиот факултет во Скопје.